Како да ги изберете вистинските очила (според формата на лицето)?

Ако имате овално лице, рамките на очилата треба да бидат широки колку најширокиот дел од вашето лице (или само малку пошироки од него). Но, што ако вашето лице е правоаголно или во вид на срце?

kako-da-gi-izberete-vistinskite-ochila-spored-formata-na-liceto-01.jpg

Кога избирате очила кои ќе ги носите секојдневно, однапред знаете дека мора да направите вистински избор. Тие треба да одговараат на обликот на вашето лице, на личниот стил и да не ви здодеат по неколку месеци гледање во огледало, па да посакате да купите други.

А знаете ли какви очила ви одговараат најмногу?

Најпрво е важно да ја одредите формата на лицето, а дури потоа да изберете очила...

Тркалезно лице:

Ако имате широко чело, а должината и ширината на вашето лице се скоро исти, тогаш имате тркалезно лице.

Изберете:

- Правоаголни очила со елегантни рамки.

- Очила со впечатливи шари или нагласени детали.

Избегнувајте:

- Очила во тркалезна или овална форма.

- Рамки со заоблени детали кои ќе нагласат дека вашето лице е тркалезно.

kako-da-gi-izberete-vistinskite-ochila-spored-formata-na-liceto-07.jpg

Правоаголно лице:

Вашето лице е правоаголно ако имате нагласена вилица, а должината на лицето е поголема од неговата ширина.

Изберете:

- Овални очила со заоблени детали.

- Очила со широки рамки.

Избегнувајте:

- Правоаголни очила

kako-da-gi-izberete-vistinskite-ochila-spored-formata-na-liceto-04.jpg

Срцевидно лице:

Ако имате широко чело, дефинирани јаболчници и тесна, остра брада, а ширината на лицето е малку помала од неговата должина, тогаш имате лице со срцевидна форма.

Изберете:

- Очила чии рамки се пошироки од вашето чело.

- Овални и тркалезни очила.

- Очила во посветли бои со нежни рамки.

Избегнувајте:

- Очила со широки рамки кои може да ја нагласат ширината на јаболчниците

- Рамки со многу детали

- Светли рамки

kako-da-gi-izberete-vistinskite-ochila-spored-formata-na-liceto-03.jpg

Коцкесто лице:

Ако имате силна вилица и широко чело, а ширината и должината на лицето ви се скоро еднакви, тогаш имате коцкесто лице.

Изберете:

- Овални и тркалезни очила

- Очила со тенки рамки

- Рамки во облик на „мачкини очи“ или „авијатичарски“ рамки

Избегнувајте:

- Тесни рамки

- Правоаголни и коцкести рамки

kako-da-gi-izberete-vistinskite-ochila-spored-formata-na-liceto-08.jpg

Овално лице:

Ако имате пропорционални црти на лицето, тесно чело и брада и високо поставени јаболчници, а должината на лицето ви е скоро двојно поголема од ширината, тогаш вашето лице е овално.

Изберете:

- Какви било рамки кои се широки колку најширокиот дел од вашето лице (или само малку пошироки од него).

Избегнувајте:

- Очила кои се премали или преголеми.

- Многу тенки рамки кои ќе направат лицето да ви изгледа подолго.

kako-da-gi-izberete-vistinskite-ochila-spored-formata-na-liceto-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Трикови за да откриете дали накитот што го купувате е вистински или копија? Знаете ли дека вистинските бисери имаат рапава површина, а не мазна и дека траги...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...
Детален приказ: Како гледаат луѓето со разни проблеми со видот? Сте се запрашале ли како гледаат луѓето кои имаат глауком или оние со некои видо...
Говор на телото кај новороденчињата: Како да препознаете кога е гладно или болно? Со внимателно набљудување на бебешките движења и погледи, ќе разберете што ви по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg