Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кафе - вотка

kafe-fotka-povekjeЈа сакате аромата на кафето, ама уживате и во чаша вотка? Наш предлог е да ги споите двете задоволства во еден уште поинтересен пијалок...


...вотка со вкус на кафе!

  • 200-250ml сварено еспресо или јако нес кафе
  • 450 грама шеќер
  • 500ml квалитетна вотка 
  • 1 мала лажичка екстракт од ванила

Загрејте го свареното кафе и мешајќи додавајте една по една лажичка шеќер додека целиот не се стопи во кафето.

kafe-fotka-1

kafe-fotka-2

Тргнете го од рингла и оставете да се олади. Во ладната течност ставете ја вотката и ванилата.

Течноста истурете ја во стаклено шише (или тегла) и чувајте ја на темно суво место барем 48 часа. Колку подолго се чува, толку подобар ќе биде вкусот.

Пред употреба процедете ја течноста низ цедилка и чувајте ја во стаклено шише. (Ако сметате дека нема потреба само протресете го шишето пред употреба).

Готовиот пијалок може да се користи во коктели, кафиња, десерти, а секако може и да се испие :)

Би можело да ве интересира:

Првиот Божиќ без баба и уште 9 емотивни празнични реклами на брендовите за 2024/25 Пребродување на првиот Божиќ без баба, Дејвид Бекам го претвори тажниот Снешко в...
Фотки кои покажуваат дека со текот на времето брачните партнери почнуваат да личат еден на друг Се сложувате ли со тоа дека некои парови, по многу години поминати во љубов (бра...
Чудни (но практични) работи што можете да ги видите само во Јапонија (фото) Чипс со вкус на цвет од црешово дрво, но и автомат за банани – што сè можете да ...
Фотки што ќе ве разгневат – Луѓе кои живеат со „цимер од пеколот“ Не си ги мие садовите, не ги фрла кутиите од пица, чека некој друг да му ја собе...
Австралијанка со шминка се трансформира во светските ѕвезди (видео) Од Леонардо ди Каприо преку Хери Стајлс, со Зек Ефрон - Евелин Коста прави невер...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg