Фрази кои несреќните луѓе несвесно си ги повторуваат

„Ништо не ми оди по план, никогаш нема да бидам доволно добар/а“.

frazi-koi-nesrekjnite-lugje-nesvesno-si-gi-povtoruvaat-edna-fraza-koja-treba-da-si-ja-kazhuvate-pochesto01.jpg

Несреќните луѓе несвесно си повторуваат некои фрази кои дополнително им го влошуваат расположението и ги тераат да се фокусираат само на негативното.

За Yahoo, неколку психолози откриваат кои вакви фрази ги забележале кај нивните пациенти.

Ова се фрази кои често си ги кажуваат себеси, некогаш и несвесно.

Ако не сте задоволни од вашиот живот, кога ќе забележите дека си повторувате некоја од овие фрази, пробајте во тој момент да ги оттргнете мислите.

Но, ако е соочувате со чести чувства на безнадежност, апатија и тага, тогаш задолжително консултирајте се и со експерт.

Кои се фразите што си ги повторуваат несреќните луѓе?

„Ништо никогаш не ми оди по план“

Со оваа фраза се обесхрабрувате и не очекувате ништо друго освен неуспех.

Кога си ја повторувате, самите се заглавувате во круг на песимизам и безнадежност.

„Никој никогаш не ме слуша“

Оваа фраза потекнува од чувства на осаменост.

Ако си ја повторувате, веројатно се чувствувате неразбрано и изолирано од другите.

frazi-koi-nesrekjnite-lugje-nesvesno-si-gi-povtoruvaat-edna-fraza-koja-treba-da-si-ja-kazhuvate-pochesto-04.jpg

„Зошто секогаш мене ми се случуваат лоши работи?“

Со ова реторичко прашање вие се ставате во положба на жртва и се самосожалувате.

Кога ќе се соочите со неуспех, подобро прашајте се „Што можам да научам од ова?“, наместо само да се жалите за проблемот.

„Никогаш нема да бидам доволно добар/а“

Ако често си ја повторувате оваа фраза, тоа значи дека премногу се споредувате со другите.

Со ова, пак, само ја храните вашата несигурност.

frazi-koi-nesrekjnite-lugje-nesvesno-si-gi-povtoruvaat-edna-fraza-koja-treba-da-si-ja-kazhuvate-pochesto-03.jpg

„Немам среќа за ништо“

Со оваа фраза како да пробувате да се убедите дека секој аспект од вашиот живот е вон ваша контрола.

И, поради ова не сфаќате дека некогаш и вие имате удел за ситуацијата во којашто се наоѓате.

„Не вреди да се обидувам“

Кога си ја повторувате оваа фраза, како да пробувате да се заштитите од потенцијален неуспех.

Но, кога воопшто нема да се обидете, тогаш ги губите и шансите за успех.

„Животот не е фер“

Иако е точно дека животот не е секогаш фер, ако постојано си ја повторувате оваа фраза, ќе чувствувате само презир.

frazi-koi-nesrekjnite-lugje-nesvesno-si-gi-povtoruvaat-edna-fraza-koja-treba-da-si-ja-kazhuvate-pochesto-02.jpg

„Не ми е судено да бидам среќен/а“

Со оваа фраза како да си кажувате дека среќата и радоста треба да се нешто што треба да го заслужите.

Фразата е и знак дека имате многу лошо мислење за себе и некогаш и самите бегате од работи кои знаете дека ќе ве направат среќни.

Една фраза која треба да си ја повторувате почесто

Кога ќе забележите дека сте преокупирани со некоја од фразите што се набројани или некоја слична, пробајте да се оттргнете од неа.

Наместо лошите фрази и прашањата, запрашајте се „Што можам да направам во моментот за да се чувствувам подобро?“.

Ова нешто може да биде и најмала ситница, како да излезете на прошетка.

Не мора воопшто да биде нешто големо, туку нешто што можете да го направете во тој миг.

Во повеќето случаи доволно е и само ова за да се оттргнете од лошите мисли.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg