Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Првото селфи на друга планета и уште 7 значајни фотографии што го променија светот

Првата фотографија од црна дупка

Научниците шпекулирале за небесно тело со силна гравитација (како црна дупка) уште пред повеќе од три векови, но дури во поново време беше докажано дека тие навистина постојат.

Конечно, во 2019 година, светот имаше можност да види црна дупка и на фотографија со која дефинитивно се потврди нивното постоење.

На фотографијата се гледа супермасивна црна дупка во центарот галаксијата M87, а направена е со помош на глобална мрежа од радиотелескопи позната како Event Horizon.

prvoto-selfi-na-druga-planeta-i-ushte-7-znachajni-fotografii-shto-go-promenija-svetot-06.JPG

Најстарата фотографија пронајдена досега

Најстарата фотографија за којашто знаеме е направена во 1826 или 1827 година и е позната како Point de vu du Gras.

Името се однесува на погледот од прозорецот на резиденцијата на Французинот којшто ја направил.

Погледнете и: Дел од најстарите фотографии во светот (кои преживеале до денес)

prvoto-selfi-na-druga-planeta-i-ushte-7-znachajni-fotografii-shto-go-promenija-svetot-07.JPG

Закрепнување по првата успешна трансплантација на срце во светот

Првата успешна трансплантација на срце во светот е направена во 1967 година, од страна на д-р Кристијан Барнард. Операцијата била направена во болница во Кејптаун, Јужна Африка.

Срцето му било трансплантирано на 54-годишен маж, а донорот била жена која загинала во сообраќајка.

За жал, пациентот починал по 18 дена, од пневмонија – тој примал терапија за да се намали можноста телото да го одбие срцето, поради што значително му ослабел имунитетот и станал поподложен на инфекции.

Фотографијата во продолжение е направена кратко по операцијата.

prvoto-selfi-na-druga-planeta-i-ushte-7-znachajni-fotografii-shto-go-promenija-svetot-08.JPG

Првото селфи на дрга планета

Во 2012 година, роверот Curiosity на НАСА кој се наоѓа на Марс направи селфи на црвената планета, односно го направи првото селфи на друга планета.

Додека самата фотографија не одбележа некој голем напредок во вселенските истражувања, сепак ја покажа способноста на роверот да прави почисти фотки од Марс на кои се гледаат многу детали.

Оттогаш, роверот има исправено стотици илјади фотографии кои помогнаа многу во проучувањето на површината на Марс.

prvoto-selfi-na-druga-planeta-i-ushte-7-znachajni-fotografii-shto-go-promenija-svetot-09.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg