За потрага по пиратско богатство, за озлогласен култ: Луди работи за кои богатите наследници трошеле милиони
Ендру Гети
Ендру Гети е внук на нафтениот тајкун Џон Пол Гети и наследил милиони од семејството.
За разлика од останатите членови на семејството Гети, тој сонувал да стане режисер, па цели 15 години работел на еден филм.
Самиот го финансирал проектот и наводно потрошил над шест милиони долари.
Бидејќи бил неискусен во филмската индустрија, Ендру неразумно трошел огромни суми – на пример, наместо да изнајми опрема како што прават повеќето режисери, тој купил сè, од камери до камиони.
За жал, Ендру никогаш немал можност да го изгледа својот филм бидејќи почина во 2015-та, најверојатно од предозирање.
Филмот беше издаден во 2017 година и доби навистина лоши критики.
Морин О’Конор
Морин О’Конор била политичарка и првата жена градоначалник на Сан Диего во Калифорнија. Нејзиниот сопруг бил Робер Питерсон, основан на ланец популарни ресторани за брза храна.
Бидејќи немале деца, по смртта на Робер, Морин го наследила неговото богатство од околу 50 милиони долари.
Но, бидејќи го изгубила сопругот, а и самата добила дијагноза за тумор на мозокот, Морин станала зависна од коцкање.
Во период од една деценија, таа освоила над една милијарда долари, но изгубила уште повеќе, па на крај била во минус околу 13 милиони долари.
За да ги исплати долговите, Морин позајмувала пари од пријатели, вадела кредити и голем дел од работите што ги имала, ги продала.
Во 2013-та беше обвинета за перење пари бидејќи украла 2 милиони од непрофитните организации на починатиот сопруг за да си ги плати долговите.
Хантингтон Хартфорд
На само 11-годишна возраст, Хантингтон наследил голем дел од акциите на компанијата Great Atlantic & Pacific Tea Company, што значи бил милионер уште пред да стане полнолетен.
Студирал на Харвард и бидејќи не сакал да работи обична работа зад биро, си купил брод и почнал да бара изгубени пиратски богатства.
Богатиот наследник имал и други необични интереси – си купил остров, инвестирал 20 милиони за ресорт кој пропаднал…
Хантингтон, кој некогаш важел за еден од најбогатите луѓе во светот, постојано трошел на своите луди интереси, а не успевал да заработи нешто, па на крај останал со едвај 11 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





