Си ја убил пријателката и ја изел, но бил ослободен: Како канибалот Исеи Сагава станал ѕвезда во Јапонија?

Бил фатен кога пробувал да се ослободи од куферите

Колку и да звучи чудно, Сагава викнал такси и во него ги ставил куферите со остатоците од убиената девојка. Куферите ги фрлил во парк во Париз, а биле откриени неколку дена подоцна од страна на луѓе кои џогирале.

Со помош на таксистот, Сагава бил идентификуван, а кога полицијата му го пребарала домот, биле откриени остатоци од телото на жртвата, заедно со нејзината лична карта.

si-ja-ubil-prijatelkata-i-ja-izel-no-ne-bil-vo-zatvor-kako-kanibalot-isei-sagava-stanal-dzvezda-vo-japonija-04.JPG

Канибалот бил затворен во ментална институција, каде напишал и книга

На Сагава не му суделе за убиството на девојката од Холандија, туку две години бил затворен во ментална институција каде што бил проучуван од психијатри.

Со малку помош од татко му (и неговите пари), Сагава бил прогласен за луд и неспособен да му се суди. Па, поминал четири години во ментална установа со максимално обезбедување во Франција.

За време на престојот во болницата, Сагава напишал и илустрирал новела која била фикција, но делумно инспирирана од неговото злодело.

Неговото семејство, како и семејството на убиената девојка се противеле на издавањето на книгата, но и покрај тоа, таа била издадена и станала бестселер во Франција и Јапонија, поради што Сагава стекнал статус на славна личност.

si-ja-ubil-prijatelkata-i-ja-izel-no-ne-bil-vo-zatvor-kako-kanibalot-isei-sagava-stanal-dzvezda-vo-japonija-05.JPG

Кога се вратил во Јапонија, не одлежал затвор

Сагава нашол мошне добар адвокат кој успеал да ги убеди надлежните во Франција дека е подобро убиецот да се врати во родната Јапонија.

Во 1984 година тој бил депортиран во Јапонија и веднаш бил однесен во ментална установа во Токио. Тамошните експерти утврдиле дека има нарушување и проблеми со менталното здравје, но дека не е луд, односно дека може да му биде судено за убиството.

Бидејќи надлежните органи во Франција не сакале да им помагаат на Јапонците во случајот, по околу една година, Сагава бил предаден на неговите родители.

si-ja-ubil-prijatelkata-i-ja-izel-no-ne-bil-vo-zatvor-kako-kanibalot-isei-sagava-stanal-dzvezda-vo-japonija-06.JPG

Продолжил да пишува книги

Најбизарно во целата ситуација е што Сагава почнал да пишува колумни, а напишал и уште неколку книги. Се појавувал на телевизија, а почнал и да слика.

Убиецот и канибал го помина животот како ѕвезда и почина во 2022-ра, на 73-годишна возраст.

si-ja-ubil-prijatelkata-i-ja-izel-no-ne-bil-vo-zatvor-kako-kanibalot-isei-sagava-stanal-dzvezda-vo-japonija-07.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава