„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви тела околу мене“
Додека лежела на земјата, Анет сфатила дека можеби не е единствениот преживеан бидејќи слушнала луѓе како извикуваат во болка, а некој и како да ја довикувал.
„До мене видов Виетнамец, кој ми зборуваше на англиски. Го прашав дали ќе дојдат спасувачи. Ми рече дека да, тој бил угледна и важна личност и дека ќе дошле по него.
Бидејќи го изгубив здолништето во несреќата, мажот ми ги даде неговите панталони. Имав толку голема рана на ногата, што можев да си ги видам коските и мускулите, како во учебник во биологија. Многу, многу ме болеше“.
Анет почнала да размислував што може да направи и сфатила дека ако почне да се сожалува, сигурно нема да преживее во џунглата.
„Почнав да го прифаќам фактот дека сум таму, си кажував ’Сега си овде, во џунглата, а не на плажа со свршеникот‘. Секој од нас има инстинкт да го направи она што е правилно, да заборави на егото.
Па, си реков ’Не мисли на него. Поради тоа ќе плачеш, а сега не можеш да плачеш“.
Анет вели дека не само Виетнамецот, имало и други луѓе кои преживеале, но имале сериозни повреди и ги слушала како извикуваат во болка. Постепено, нивното викање стивнало.
„Седев до Виетнамецот кога одеднаш забележав лош мирис. Се свртев кон него и видов дека му излегуваше ларва од окото. Со лазење, го одминав, па поминав покрај уште еден мртов маж, па покрај мртва девојка.
Некако стигнав до крилото на авионот. Мислам дека изгубив свест од болката, но сфатив колку е важно што сум преживеала и дека морам да продолжам да се борам“.
Анет почнала да размислува како може да преживее додека да дојде спасувачка екипа.
„Се загледав кон крилото и забележав дека материјалот за изолација е како некаква пена. Извадив малку и сфатив дека пената може да служи како сунѓер – кога ќе заврне, ќе впијат вода, доволно колку за мене“.
Бидејќи не можела да се движи, седнала на мала чистинка во близина на несреќата, за спасувачките екипи да можат да ја забележат од горе.
Со пената од изолацијата, Анет успеала да собере многу малку дождовна вода, па веќе до шестиот ден вели дека ја изгубила целата сила. Ден-два потоа, вели имала и блиска средба со смртта.
„Искрено, беше убаво, дури и како оргазам. Колку повеќе се фокусирав на убавината на џунглата, толку повеќе гледав како светлината ги допира лисјата.
Не јадев, имав малку вода, но со свеста ми се случуваше нешто, како да станав дел од џунглата. Почнав да пловам кон смртта, можеби и халуцинирав, но беше толку убаво што не сакав да престане“.
Во миговите кои мислела дека се последни за неа, Анет забележала маж во портокалова облека. Првично помислила дека е уште една халуцинација, но сфатила дека сепак е спасувач.
Мажот кој ја пронашол бил виетнамски полицаец кој успеала да ја лоцира осум дена по несреќата.
„Ми даде да се напијам вода која во тој миг ми беше како најдобриот шампањ што сум го пробала“.
Анет прво била однесена во болница во Хо Ши Мин, а потоа во Сингапур. Го погребала свршеникот, а по три месеци се вратила и на работа.
Оттогаш, Анет има изградено навистина добар и исполнет живот – има успешна кариера, има напишано книга, беше во брак и се разведе, а има и деца.
Вели дека на секоја годишнина од несреќата, се заблагодарува за тоа што преживеала.
„Секоја година, почнувајќи од 14-ти ноември, наредните осум дена обрнувам внимание на сè што јадам и пијам. И, благодарна сум“.
Прочитајте и: Стјуардеса од Југославија преживеала пад од 10.000 метри – авионот се скршил на 3 дела, сите други загинале
Спирова С. | Црнобело
