„Бев единствена преживеана во авионска несреќа – поминав 8 дена во џунгла, со скршена нога и мртви тела околу мене“
„Се разбудив во џунглата. Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав, сфатив дека е мртов маж. Се свртев и го здогледав мојот свршеник, врзан за неговото седиште, мртов, но со насмевка на неговото лице“, раскажува Анет Херфенкс која во 1992-ра била единствениот преживеан во авионска несреќа во виетнамската џунгла.

Во 1992 година, Анет Херфкенс од Холандија доживеала авионска несреќа и таа била единствениот преживеан. Но, бидејќи авионот се срушил во среде џунгла во Виетнам, Анет била оставена сама на себе цели осум дена.
Сега, на 64-годишна возраст, вели дека трагичната несреќа во Индија ја натерала повторно да се потсети на своето трауматично искуство.
Низ годините, Анет многупати ја поделила својата приказна, а сега, за магазинот The Sun, уште еднаш се присетува на хоророт што го доживеала.
Детали за голготата на Анет:
На 14-ти ноември 1992 година, Анет и нејзиниот свршеник се качиле во авион од аеродром во виетнамскиот град Хо Ши Мин. Требало да одат на романтично патување во Ња Чанг, виетнамски град кој излегува на Јужнокинеското Море.
Анет и свршеникот Вилем дотогаш биле заедно 13 години, а пред патувањето, шест месеци работеле во различни држави.
Затоа, решиле да одат на одмор, пред да почнат да ја планираат свадбата.
„Бевме многу млади. Целиот живот беше пред нас. Барем така мислевме. Но, работите не одеа по план“, раскажува Анет.
На авионскиот лет, кој требало да трае само 55 минути, имало 25 патници и шестчлен екипаж. Тогаш 31-годишната Анет страдала од клаустофобија, па не го врзала безбедносниот појас ни кога полетувале, ни кога авионот почнал да слетува. И, можеби ова ѝ го спасило и животот.
Околу пет минути пред слетувањето, Анет вели дека авионот одеднаш почнал да паѓа.
„Луѓето викаа. Свршеникот ме погледна, исплашен. Јас пробува да го утешам, му велев дека авионот е мал, сигурно е нормално. Но, авионот почна уште да паѓа. Свршеникот ми ја фати раката и потоа изгубив свест.
Сè се случи толку брзо, немав време ни да размислувам. Како да имав некое откровение (дека ќе умрам), но не беше страшно. Всушност, во тие мигови и човек како да не чувствува ништо“.
Како што покажала подоцнежната истрага, авионот во кој била Анет летал премногу ниско додека му се приближувал на аеродромот. Времето било лошо, а поради ниското летање, авионот почнал да ги допира врвовите на дрвјата во џунглата под него и на крај удрил во планински гребен.
Според Анет, самото паѓање на авионот не било толку страшно, колку мигот кога се разбудила и ги видела телата на патниците околу себе.
„Во еден миг ги слушам моторите на авионот, а во следниот се будам од морничавите звуци на џунглата. Ги отворив очите и видов вистински хаос. Пилотската кабина беше откорната.
Врз мене имаше нешто тешко и кога пробав да го тргнав, сфатив дека е мртов маж. Се свртев кон лево и тогаш го здогледав мојот свршеник, врзан за неговото седиште, мртов, но со некоја убава насмевка на неговото лице“.
Како што спомнавме, Анет веројатно преживеала бидејќи не го закопчала безбедносниот појас – кај сите други патници, појасот создал притисок врз ребрата кога авионот се срушил, а ребрата им ги прободеле белите дробови.
Но, не значи дека Анет поминала лесно – имала 12 скршени коски во нозете, колабиран бел дроб, како и скршена вилица.
