Тргнала на пат низ Америка со свршеникот, но тој ја убил и се вратил дома: Трагичната судбина на Габи Петито
Габи Петито тргнала на патување од сништата со нејзиниот свршеник – сакале да ја пропатуваат Америка со комбе. Но, четири месеци откако тргнале на пат, Габи исчезнала, за подоцна да биде пронајдена мртва…

22-годишната Габи Петито и нејзиниот свршеник Брајан Лондри тргнале на пат низ Америка со комбе, со цел да го искусат номадскиот живот.
Габи сакала да почне кариера како инфлуенсерка, па уште на првиот ден од патувањето почнала да објавува детали за авантурата и местата што ги посетуваат.
Но, по четири месеци, патувањето од соништата завршило со трагедија – Габи исчезна, а нејзиниот свршеник стана главниот осомничен.
Детали за случајот што ја потресе Америка, но и светот:
Габи и Брајан, кој бил една година постар од неа, се запознале во средно, во гратче во државата Њујорк.
Почнале врска во 2019 година, откако и двајцата матурирале, а набрзо потоа Габи се преселила во Флорида за да живее со семејството на Брајан.
Иако Габи тврдела дека е среќна со својот сакан, подоцна нејзини пријатели открија дека воопшто не ѝ било лесно во неговиот дом.
Честопати имала конфликти со мајката на Брајан, Роберта, а и самиот Брајан почнал да се однесува како да сака да ја контролира. Според нејзина пријателка, имало ситуација кога Брајан ѝ го одзел паричникот со личната карта, за да не може да излезе со неа.
Но, и покрај ваквите инциденти, Брајан и Габи имале иста љубов – одење на долги патувања со автомобил.
Во 2020 година тие се свршиле и набрзо потоа почнале да прават план за патување низ САД со комбе.
За да заштеди за патувањето, Габи имала неколку работни места и успеала да купи комбе кое со Брајан го средиле и го направиле погодно за живот на тркала.
На 2-ри јули, една година по свршувачката, тие тргнале на пат од државата Њујорк, а Габи веднаш почнала да објавува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.
На 12-ти август 2021-ва, Габи и Брајан стигнале до Јута и додека возеле низ мал град, тој ја удрил.
Локалец ги забележал и повикал полиција, па Габи и Брајан биле застанати на автопат.
Од испрашувањето на полицијата има и видео кое беше објавено подоцна. На видеото, Габи е видно вознемирена, додека Брајан делува смирено.
Според нивните изјави, полицајците дошле до заклучок дека Габи е таа што го нападнала свршеникот, а дека тој бил жртва на семејно насилство. Односно, тие се скарале, по што Габи го удрила Брајан, па тој ја турнал.
Габи и Брајан изјавиле дека не сакаат да поднесуваат пријави бидејќи се свршени, но полицијата им предложила таа ноќ да се разделат.
Габи го добила комбето, додека Брајан бил испратен во хотел во близина.
По смртта на Габи, нејзиното семејство ја тужеше полицијата бидејќи направиле грешка во проценувањето на ситуацијата.
Следниот ден по инцидентот со полицијата, Габи и Брајан го продолжиле патувањето, а набрзо потоа младата девојка го објавила и првото видео на Јутјуб.