Тргнала на пат низ Америка со свршеникот, но тој ја убил и се вратил дома: Трагичната судбина на Габи Петито
Додека објавите на Јутјуб и Инстаграм прикажувале бајковита авантура, односот меѓу Габи и Брајан само се влошувал.
На 26-ти август 2021-ва, Габи за последен пат објавила на Инстаграм. Тој период престанала и да контактира со нејзиното семејство.
Фотка од последната објава на Габи
И семејството, и пријателите пробувале да допрат до Габи, но таа не им одговарала ни на пораки, ни на повици.
Но, на 27-ми август, мајка ѝ на Габи добила чудна порака од неа:
„Можеш ли да му помогнеш на Стен? Ги добивам само неговите говорни пораки и пропуштени повици“.
Стен бил дедото на Габи, но таа никогаш не го нарекувала по име, па пораката ѝ станала сомнителна на мајка ѝ - како да не е напишана од неа.
До 11-ти септември, родителите и пријателите на Габи не успеале да допрат до неа, па мајка ѝ ја пријавила за исчезната.
Полицијата почнала истрага и отишле во домот на Брајан за да ги прашаат неговите родители дали имаат некаква информација за него и Габи.
Но, на нивно големо изненадување, пред семејната куќа го виделе комбето на Габи, Брајан бил дома, а Габи ја немало никаде.
Родителите на Брајан одбивале да зборуваат со полицијата и веднаш најмиле адвокат.
Набрзо случајот почна да се прославува низ Америка, па луѓе кои сакаа да помогнат почнаа да ги следат трагите на Габи преку нејзините објави.
Истото го правела и полицијата, но бидејќи Габи и Брајан постојано биле во движење, поминале околу 3.000 километри – растојание што и самата полицијата морала да го помине.
Помагале и луѓе кои ги сретнале Габи и Брајан на нивното патување, па ова донекаде им ја олеснало потрагата на полицајците.
На 19-ти септември 2021-ва, полицијата го нашла телото на Габи во близина на национален парк во Вајоминг, во област популарна за кампување. Обдукцијата покажала дека Габи била задавена.
Брајан стана главниот осомничен, а набрзо потоа се откри што се случило и како пробувал да создаде алиби.
На 29-ти август, им се јавил на своите родители, им кажал дека Габи „повеќе ја нема“ и дека му треба помош, а тие се јавиле на адвокат.
Тој ја задавил Габи и самиот го однел телото до местото каде што била најдена, па се вратил во комбито.
Потоа лажирал допишување меѓу нив – праќал пораки од неговиот и од нејзиниот телефон, за да изгледа како да се разделени.
Тој исто така си префрлил и 700 долари од сметката на Габи, користејќи го нејзиниот телефон, а оставил и порака:
„Збогум Брајан. Веќе не барам ништо од тебе“.
По наоѓањето на телото, полицијата успеала да сфати што се случувало во последните мигови од животот на Габи.
Таа последен пат била видена на 27-ми август, со Брајан, во ресторан во Вајоминг, а според очевидците, парот се расправал.
Потоа биле снимени на безбедносна камера додека минувале пред продавница, и ова е последен пат кога Габи е видена жива.
Кон крајот од денот, парот отишол во близина на местото каде што била најдена Габи и се претпоставува дека набрзо потоа, Брајан ја убил.
На 20-ти септември, еден ден откако било најдено телото на Габи, полицијата отишла во домот на Брајан.
Но, сега и тој бил исчезнат и според изјавите на родителите, им кажал дека ќе оди да планинари. Тие не го пријавиле за исчезнат бидејќи очекувале да се врати.
Полицијата почнала потрага, но неговото тело го нашле родителите, 37 дена подоцна.
До неговото тело била најдена и порака во која Брајан признава дека ја убил Габи. Но, тврдел и дека имала несреќа, па била во болка и тој само ѝ помогнал. Ова тврдење не се совпаѓало со резултатите од обдукцијата.
Во 2022 година, родителите на Габи поднеле тужба против родителите на Брајан, по што била направен спогодба за 3 милиони долари. Родителите на Брајан не одговарале кривично.
Спирова С. | Црнобело