Рерна за луѓе, лоботомија, лекови со кокаин: Медицината во минатото била како од хорор-филм

Во 20-тиот век, шизофренијата се третирала со таканаречена инсулинска шок-терапија – на пациентите им давале огромна доза инсулин со цел да се индуцира кома за која се верувало дека ќе им го „ресетира“ мозокот и ќе ги излечи.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-01.jpg

Колку и да го критикуваме здравството и сè поврзано со него, треба да сме благодарни што живееме во период кога медицината напреднала значително.

Бидејќи, пред само еден век, медицинските помагала биле како од хорор-филм.

Технологијата не била развиена како денес, не биле откриени многу работи, па терапиите и третманите неретко повеќе правеле штета отколку што помагале.

Лекови и медицински помагала од минатото поради кои ќе бидете благодарни за модерната медицина:

Лекот талидомид

Иако се користи и денес со строга контрола од лекар, кога првпат се појавил на пазарот, луѓето не биле свесни за несаканите ефекти од лекот талидомид (thalidomide).

Првпат се појавил на пазарот во 1957 година, како лек за анксиозност, проблеми со спиењето, напнатост, па и утринска мачнина.

Бидејќи помагал при утринска мачнина, лекарите почнале да го препишуваат лекот на бремени жени, несвесни дека со тоа стануваат дел од една од најголемите медицински катастрофи.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-02.JPG

Лекот бил достапен во 46 земји, а над 10.000 жени кои го пиеле за време на бременоста родиле деца со сериозни деформитети. Биле забележани и илјадници случаи на спонтани абортуси од страна на лекот.

До 1961 година станало јасно дека лекот воопшто не е погоден за бремени жени и извесен период бил тргнат од употреба.

По оваа катастрофа, многу земји воведа построги тестови и правила за лиценцирање лекови.

Денес лекот талидомид се користи за некои видови рак, како и за симптоми на лепра, но, секако, во контролирани услови и со надзор од лекар.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-03.JPG

Инструмент за „димна клизма“

Ова е дефинитивно еден од побизарните инструменти кој се користел за таканаречена „димна клизма“ или „клизма со чад“.

Во 18-тиот век, се верувало дека со овој инструмент може да се спасат луѓе кои се удавиле, односно вдишале вода.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-04.JPG

Со помош на инструментот, во ректумот на удавената личност се дувал чад од тутун бидејќи се верувало дека може да ја врати во живот.

За среќа, уште во 19-тиот век, инструментот престанал да се користи бидејќи не бил ефикасен, а и бидејќи почнало да се воочува дека никотинот не е соодветна состојка за лек.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-05.JPG

Лек против забоболка со кокаин

Пред да се истражат неговите токсични својства, луѓето верувале дека кокаинот е лековит.

Па, лековите со кокаин не биле нешто невообичаено и се користеле за многу здраствени проблеми, вклучително и ментални заболувања.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-07.JPG

На фотката подолу се гледа реклама за лек против забоболка кој содржи кокаин.

Лекот бил промовиран со тврдењето дека веднаш ја намалува болката поради својствата на кокаинот и можел да си го купи кој било.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-6.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава