Рерна за луѓе, лоботомија, лекови со кокаин: Медицината во минатото била како од хорор-филм

„Човечка рерна“

Таканаречената „човечка рерна“ се користел во викторијанската ера за третирање разни заболувања, но најчесто проблеми со зглобовите, како ревматизам.

Пациентите легнувале во „рерната“, така што им била откриена само главата.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-08.JPG

Потоа, со помош на рерната, останатиот дел од телото бил загревано на висока температура, некогаш и над 200 степени Целзиусови.

Лекарите верувале дека високата температура може да ги намали болките, додека пациентите опишувале дека се чувствуваат како да се печени живи.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-09.JPG

Лоботомија

Лоботомијата била огромен хит во 1940-тите и 1950-тите, а се користела за секакви ментални нарушувања.

Ова е процедура со која се отстрануваат конекциите на префронталниот кортекс на мозокот, со што се верувало дека состојбата на пациентот ќе се подобри.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-0.JPG

Но, најчесто, пациентите завршувале со оштетени когнитивни способности и целосна промена на нивниот карактер.

Што значи, можеби биле „излечени“ од менталното заболување, но веќе не биле истата личност и неретко не биле способни да се грижат сами за себе.

До 1970-тите, бројни држави ја забранија процедурата, а денес се гледа како една од поголемите дамки во историјата на психијатријата.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-11.JPG

Инсулинска шок-терапија

Таканаречената инсулинска шок-терапија се користела за третирање шизофренија во 20-тиот век.

На пациентите им била давана огромна доза инсулин, со цел да се индуцира хипогликемична кома. Се верувало дека комата ќе го „ресетира“ мозокот и ќе го излечи пациентот.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-2.JPG

Потоа пациентот бил буден со голема доза гликоза.

Како и за повеќето третмани на листава, немало докази терапијата е ефикасна, па до 1960-тите престанала да се применува.

rerna-za-lugje-lobotomija-lekovi-so-kokain-medicinata-vo-minatoto-bila-kako-od-horor-film-3.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава