Пензионерки убивале бездомници за пари од осигурување во 2000-тите: Детали за убиствата на „црните вдовици“
На стариците им било јасно дека ако мажите починат кратко по потпишувањето, осигурителните компании ќе се посомневаат.
Па, и за двете убиства чекале да поминат две години – период во кој мажите продолжиле да живеат во становите обезбедени од стариците и да добиваат помош од нив.
Олга и Хелен одлучиле убиствата да изгледаат како сообраќајни несреќи со надеж дека на овој начин ќе се избегне потемелна истрага.
Убиствата ги вршеле едно по друго, но на ист начин - првото во 1999 година, а второто во 2005-та.
Најпрво купиле автомобил користејќи лажно име. Потоа, во храната на мажите ставиле висока доза седативи бидејќи знаеле дека тие нема да добијат оброк од нив.
Потоа ги викале да излезат заедно со автомобил и кога мажите заспивале, ги носеле во изолирана уличка.
Ги ваделе од автомобилот, па ги прегазувале и бегале.
Планот им делувал совршено бидејќи сметале дека никој нема да се грижи за прегазен бездомник – ваквите трагедии, за жал, не биле реткост во Лос Анџелес.
По првото убиство на Пол Вадос, стариците успеале да подигнат околу 1,25 милиони долари од животното осигурување.
По второто убиство на Кенет Мекдејвид, Олга и Хелен подигнале дури три милиони долари.
Но, овој пат на осигурителните компании им станало сомнително тоа што двете жени двапати треба да добијат пари за смртта на бездомници.
Ова поттикнало потемелна истрага за смртта на двајцата мажи. Во меѓувреме, полицијата лоцирала и други бездомници кои им кажале дека двете жени пробувале да ги убедат да потпишуваат полиси.
Кога биле собрани доволно докази, Олга и Хелен биле уапсени, но негирале вина.
Сепак, во судница сведочел уште еден бездомник кој речиси „наседнал“ на нивниот трик. Имено, Олга била таа што му пришла и го однела во Burger King на ручек, каде му понудила живеалиште.
Тој се согласил, но по неколку денови го напушти живеалиштето бидејќи Олга почнала да му бара лични податоци, но и го терала да потпишува документи.
Додека да си замине, Олга веќе имала извадено една полиса за животно осигурување на негово име, па ова дополнително ја потврдило неговата приказна.
На крај, и двете жени биле прогласени за виновни.
Хелен добила доживотна казна затвор без можност за помилување, додека Олга исто така добила доживотна казна, но со можност за условно ослободување по 25 години.
Денес Олга има 92 години, а Хелен 94 и уште се зад решетки.
Спирова С. | Црнобело