Од инструкторка по скијање, до разгалена богаташка: Колку се промени животот на Ивана Трамп по бракот со Доналд?
Иако пробувала да се однесува приземјено, Ивана несомнено ги сакала парите и раскошот што ѝ ги нудел Доналд. Носеше само дизајнерска облека, патуваше исклучиво со приватни авиони и излегуваше само на најскапите места.

Во 1980-тите, Ивана беше меѓу најпознатите жени во светот. Во младоста работела како инструкторка по скијање во родната Чехословачка, но бракот со Доналд направи огромен пресврт во нејзиниот живот.
Откако се преселила во САД почнала да работи како модел, а набрзо потоа го запознала и Доналд.
Се венчаа во 1977 година и беа заедно до почетокот на 1990-тите. Останаа блиски по разводот, а Ивана почина во 2022-ра, на 73-годишна возраст.
Колку се промени животот на Ивана поради бракот со Трамп?
Стана славна преку ноќ
По свадбата со Доналд Трамп, Ивана како да стана ѕвезда преку ноќ.
Се дружеше само со елитата во Њујорк и на моменти можеби и ја надминуваше популарноста на нејзиниот сопруг.
Почна да се појавува на важни настани од шоубизнисот, добиваше покани за бродвејски премиери, па и покани за доделувања на престижни награди.
Таа имаше и кратко појавување во комедијата The First Wives Club, иако дотогаш веќе беше разведена од Доналд.
Но, без разлика што важеше за една од најпознатите жени, Ивана пробувала да делува што е можно „понормално“.
„Кога ќе влезеше во ресторан, Ивана секогаш се поздравуваше со сите. Никогаш не одбиваше разговор. Беше многу отмена, елегантна – начинот на којшто одеше, како зборуваше…
Делуваше како да дошла од некоја палата“, има изјавено нејзина познаничка.
Почнала да го сака вниманието
Иако пробувала да се однесува како приземјена личност, Ивана несомнено уживаше во вниманието.
Дури и самата има изјавено дека со Доналд ќе станат „следните Рокфелери“.
Нормално, уживала и во раскошот што ѝ го нудеше Доналд – патуваше исклучиво со приватен авион, јадеше во најскапите ресторани и ја користеше секоја можност да се пофали со богатството за да привлече уште повеќе внимание.
Почна да работи со недвижнини
Откако го купи хотелот Manhattan’s Plaza, Доналд Трамп ја назначи Ивана за главен менаџер.
Кога ги соопшти вестите, изјави дека ќе ја плаќал со „еден долар годишно и сите фустани што може да си ги купи“.
Иако Доналд беше критикуван за тоа што не му ја дал позицијата на некој поискусен, Ивана сметаше дека критиките се непотребни.
„Луѓето секогаш ги презираат оние кои се доволно среќни да бидат на врвот. Јас немам време да се грижам за тој став.
Кога е во прашање бизнис, правам сè во моја моќ и само се молам дека сум ја донела вистинската одлука“.