Од инструкторка по скијање, до разгалена богаташка: Колку се промени животот на Ивана Трамп по бракот со Доналд?
Стана модна икона
Од елегантните костими, до бундите од скапо крзно, Ивана привлекуваше внимание со стајлингот каде и да се појавеше.
Почна често да присуствува на ревиите на најпознатите модни дизајнери, а беше и редовен посетител на Модната недела во Њујорк.
Разводот од Доналд ја скршил
Иако Ивана е таа што поднела барање за развод, тешко ја преболела разделбата од Доналд.
Причината е тоа што Доналд ја изневеруваше со друга жена – Марла – која подоцна ќе му стане сопруга.
„Оваа жена ми го растури бракот и им го одзеде таткото на моите деца. Не ми е гајле колку ѝ е жал“, има изјавено Ивана.
Издаде книга која стана бестселер
Во 1992 година, кратко по разводот од Трамп, Ивана издаде книга.
Иако тврди дека книгата не е автобиографска, премногу потсетува на нејзината љубовна приказна со Доналд.
Дејството се фокусира на скијачка од Чешка која се венча со богат Американец и потоа се разведува од него.
Книгата стана бестселер, но беше критикувана, по што Ивана сподели дека не се обидувала да напише „ремек-дело“.
„Не велам дека сум Шекспир, но оваа книга не е само за убави луѓе, јахти, луксузни домови и многу секс. Пробав да внесам и повеќе чувства“.
Почна да излегува со многу помлади мажи
Во 2008 година, Ивана се венча со италијански модел кој беше 23 години помлад од неа.
Се разделија по само 12 месеци, но по разводот се случуваше да се смират, па повторно да раскинат.
За жал, во 2021-ва, Италијанецот почина од рак.
И претходно Ивана стана позната по изборот на многу помлади мажи. Во една пригода сподели:
„Не можам да бидам со постар маж. Многу се тврдоглави. Подобро да бидам дадилка отколку негувателка“.
Спирова С. | Црнобело