„Се вљубив во затвореник и му помогнав да избега од затвор во кафез за куче – 12 дена се криевме во колиба“
Иако била во брак, Тоби од САД се вљубила во затвореник од затворот во којшто волонтирала. Откако му помогнала да избега, поминале 12 дена криејќи се во колиба. Но, штом ги фатиле и самата завршила во затвор.

Тоби Дор од САД важела за мошне примерна девојка – била во врска со само еден маж со кој и се венчала, редовно одела во црква и била целосно посветена на семејството.
Но, кога била дијагностицирана со рак, ѝ се случил висински пресврт во животот, а на крај завршила и во затвор.
Во 2004-та, тогаш 48-годишната Тоби работела во ветеринарна клиника. Овој период забележала израсток на вратот и кога отишла на лекар, ѝ кажале дека има рак на тироидната жлезда.
Не знаејќи уште колку време ѝ останува, Тоби почнала да размислува за тоа како да го направи светот подобро место за живеење.
И, тогаш на Animal Planet изгледала емисија за бездомни кучиња кои се носат по затвори, каде затворениците ги тренираат, за потоа да бидат вдомени.
Тоби помислила дека ова е одличен начин да им помогне на затворениците да се рехабилитираат, а истовремено да помогне да се намали бројот на улични кучиња.
Но, кога ја споделила приказната со сопругот, тој само ѝ рекол дека сето е лага, измислена за на телевизија.
Ова не ја одвратило Тоби од намерата, па истата година ја почнала својата програма.
Нашла седум бездомни кучиња од засолништа, ги носела во локалниот затвор, а затворениците со добро однесување можеле да ги тренираат.
Тоби веднаш забележала дека и самите затвореници се пресреќни.
„Сите кои сакаа да дојдат и да погалат некое од кучињата, имаа дозвола за тоа. И, сите стануваа некако понежни и поемотивни“.
Програмата се покажала како огромен успех – сè повеќе затвореници волонтирале, Тоби наоѓала уште повеќе кучиња и по некое време си дала отказ од ветеринарната клинка.
Тоби станала и славна личност во родниот град бидејќи преку нејзината програма, биле вдомени дури 1.000 кучиња во период од само 18 месеци.
И покрај успехот, Тоби не добивала поддршка од сопругот, па била далеку од среќна во бракот.
Токму преку програмата, Тоби го запознала 28-годишниот Џон Манард – затвореник кој бил осуден за грабеж на кола кој завршил со убиство.
Џон бил еден од затворениците кои ги дресирале кучињата, но ѝ го привлекол вниманието на Тоби кога ја одбранил од насилен затвореник.