Најубавиот маж во САД се ожени со најљубоморната жена на планетата - Му го направи животот пекол, трагично загинаа
Љубовната приказна на Џон Ф. Кенеди помладиот и неговата сопруга Керолин Бесет можеше да биде бајка, но заврши со скандали и авионска трагедија за која се зборува и денес.

Синот на убиениот американски претседател и неговата љубоморна сопруга имаа толку интензивна и болна љубов, која најверојатно и ќе завршеше да не се случеше трагичната несреќа.
Предавство и изневерена доверба беа дел од нивната приказна, а дел од неа ќе биде прикажана во серијата Love Story: John F. Kennedy Jr. and Carolyn Bessette.
Да беа живи, пак, Џон годинава ќе наполнеше 66 години, а Каролина 60.
Загинаа на 16 јули 1999 година, кога авионот со кој летаа кон Мартас Винјард, а го управуваше Џон, се сруши во Атлантскиот Океан.
Остатоци од извлечениот авион во кој загинаа
Како почна приказната за американскиот принц и неговата љубоморна Пепелашка?
Џон Кенеди помладиот уште од дете го следеше прекарот „првиот син на Америка“, а многумина го нарекуваа и најубавиот маж во САД.
Му предвидуваа блескава политичка иднина, го сметаа за иден потенцијален претседател на земјата.

И сите му бараа достојна невеста, жена која ќе има стил, грациозност, ќоја ќе биде и убава и паметна и ќе му прилега совршено кога ќе ја фати за рака.
Со своите љубовни освојувања, тој постојано беше на насловните страници на весниците, но ниедна од жените не беа тоа што се очекуваше од него да избере како своја сопруга, туку од некоја, причина сите тие имаа врска со светот на шоу-бизнисот.

Џон излегуваше со Сара Џесика Паркер, Мадона, Дарил Хана. Новинарите пишуваа дека и принцезата Дајана е на листата со неговите љубовни освојувања, и според таблоидот The Sun тие имале „една фантастичната ноќ“ во хотелот Карлајл во Њујорк, каде што своевремено Џон Кенеди тајно се сретнал со Мерилин Монро.
Актерката Дарил Хана, со која имаше кратка, но бурна афера го нарече неуморен, нежен, прекрасен љубовник...

Но, сите жени паднаа во заборав, кога Џон ја сретна Керолин во бутик на Келвин Клајн во Њујорк, каде што таа Бисет беше менаџер за работа со ВИП клиенти.
Неколку години претходно, таа работеше како модел на писта, а имаше обид за кариера како моден колумнист.
Иако беше впечатлива, многумина не сметаа дека е убавица. Беше висока 180cm, тежеше 55kg, со руса коса, многу широка насмевка и сини очи, на кои Кенеди помладиот не можеше да им одолее.

Не потекнуваше од познато или богато семејство. Нејзината мајка беше училишен администратор, татко ѝ - столар, а нејзиниот очув беше доктор.
Нивната романса не беше лесна, бидејќи се покажа дека таа има многу тежок карактер, покажуваше изливи на љубомора, правеше јавни сцени. Но, Џон беше подготвен да ѝ прости апсолутно сè.
