Најубавиот маж во САД се ожени со најљубоморната жена на планетата - Му го направи животот пекол, трагично загинаа
Две години по запознавањето, тие се венчаа. Церемонијата се одржа на островот Камберленд, на 21 септември 1996.
Дури и успејаа да го скријат ова од папараците, па на прославата имаше само околу 20 нивните најблиски пријатели и роднини.
Беше направена само една фотографија на која младоженецот ја бакнува раката на својата сопруга.

По свадбата, Керолин влезе во сосема нов свет, кој не ѝ се допадна веднаш.
Папараците, кои не си простија што ја пропуштија свадбата, ја опседнуваа зградата каде што живееја младенците, ги опкружуваа Кенедиеви додека влегуваат во својот автомобил, кога одат да џогираат во Централ Парк.
Иако Џон од дете беше навикнат на таквото мешање во медиумите во неговиот личен живот, за Керолин сè беше чудно.
Штом некој фотограф ќе ѝ се приближеше на улица, таа веднаш погледнуваше надолу и ја криеше главата.

Одеднаш славата почна да ја оптоварува и таа сакаше да избега од сè - даде отказ од работата и практично никогаш не излегуваше од дома.
Ги мразеше настаните на кои беа поканети, а ги имаше секој ден, и на коишто нејзиниот сопруг сакаше да оди. Џон мораше да ја моли да му прави друштво секојпат.
А таа на сите јавни настани на кој присуствувала во првите шест месеци по свадбата носела ист црн фустан.
Се надевала дека ќе ѝ здодее на јавноста на овој начин, но таквото однесување само го поттикнало интересот, а луѓето почнале да зборуваат за неа како за нова стилска икона.

Во тоа време ретко кој знаел дека во огромниот стан на Кенедиеви, сите работи на Керолин ги собирало во еден плакар со закачалка, под кој имало кутии со чевли, а над него - полица со џемпери.
Ова подоцна го открила за новинарите нејзината некогашна асистентка, Џорџина. Таа им ја кажала и главната модна лекција што ја научила од Керолин:
„Ако сакате да носите нешто светло, изберете само скапи работи. Ако немате многу пари, купувајте сива, сина, црна, беж и бела боја“.

Иако на фотографиите, Џон и Керолин изгледаа како среќен пар, тоа беше само слика за публика. Според нивните пријатели, расправиите на двојката често завршуваа со тепачка.
На неа не ѝ се допаѓаше што тој сака да се забавува, а тој ја нарекуваше здодевна.
Само една година по свадбата, тие често почнаа да ги поминуваат вечерите разделени.

Наскоро во нивната врска се појави трето лице, но Џон не беше тој што изневери, тврдат неговите пријатели.
За време на една жестока расправија, Керолин му рекла на својот сопруг дека се забавува со Мајкл Бергин, истиот машки модел со кого имала афера додека работела за Келвин Клајн.

По смртта на Кенедиеви, Мајкл напиша книга во која раскажа како Бесет често го посетувала неговиот мал стан, а еднаш дури и се качила по противпожарните скали и скршила прозорец со тупаница за да влезе.
„Не бев горд што се гледав со сопругата на познат маж. Но, само се посакувавме еден со друг“, напишал тој.
