Најубавиот маж во САД се ожени со најљубоморната жена на планетата - Му го направи животот пекол, трагично загинаа
За работите да станат полоши, Керолин почнала да се досадува, да покажува љубомора, почнала да пие и апчиња, а цело време по своја волја седела затворена во својот дом. Таа била сигурна и дека Џон ја изневерува.
Кенеди помладиот ја гледал сопругата како се уништува, но не преземал ништо во врска со тоа, најверојатно уморен од нејзините постојани изливи на бес.
Тој сакал да добие наследник, но Керолин била против тоа да роди дете.

Гледајќи како им пропаѓа бракот, постарата сестра на Керолин, Лорен, ги поканила Кенедиеви во ресторан на 15 јули 1999 година и им предложила да разговараат за ситуацијата.
Дури и ги терала сопружниците да се држат за раце.
Лорен знаела дека Џон ќе лета со својот мал авион на свадбата на неговиот братучед следниот ден.

И Керолин била поканета, но таа веднаш одби зашто на почетокот на нивната врска се заколна дека никогаш нема да се качи на авионот на нејзиниот сопруг.
Лорен ја молела да направи исклучок и се понуди да оди со нив.
Следниот ден, сè било против тоа да тргнат кон Мартас Винјард.

Керолин имала ужасни главоболки од утрото, Џон ги пропуштил сите свои закажани состаноци, Лорен доцнела на работа, а потоа се заглавила во сообраќајот возејќи кон аеродромот.
Џон пак, сакал со себе да го земе вториот пилот, но тој бил на одмор затоа што брзо пред тоа ја повредил ногата и одел со патерици.

Сепак, во 20:38 часот, приватниот авион полетал. Таа вечер имало облаци по должината на целата рута на авионот и предизвикало тешкотии при летот.
Во 21:40 часот, еден час по полетувањето, Џон станал дезориентиран и влегол во вртлог, по што авионот се срушил во океанот. Сите патници починаа.

Нивните тела се пронајдени пет дена подоцна, а веќе следниот ден се кремирани.
Нивната пепел е расфрлена близу Мартас Винјард, островот кон кој летаа таа вечер.

Многумина сметаат дека да беа живи, Џон и Керолин наскоро ќе се разаведеа.
Еден од нивните најблиски пријатели многу подоцна рече: „Само оваа катастрофа им овозможи да го одржат својот завет и да останат заедно додека смртта не ги раздели“.

А. Ј. | Црнобело