Искрени исповеди на жени: „Најголемата грешка што ја направив во младоста – не ја повторувајте и вие“

„Се омажив со љубовта од факултет, што не беше грешка. Грешката беше што останав со него за децата, кога требаше да се разведеме“ - жени споделуваат грешки од својот живот за кој се каат, со надеж дека ќе послужат како совет за помладите да не ги повторат. 

iskreni-ispovedi-na-zheni-najgolemata-greshka-shto-ja-napraviv-vo-mladosta-ne-ja-povtoruvajte-i-vie-01.jpg

Во животот никој не е безгрешен и сосема е очекувано и нормално да направите грешки. 

Некои се поголеми, некои помали, некои со последици за кои нема назад, други не толку страшни, но понекогаш е добро да учите и од туѓите грешки. 

Жени на Редит споделуваат кои биле нивните големи грешки во животот, со цел да не ги повторат другите млади девојки:

„Поминав децении во долги врски со мажи кои не ме сакаа вистински. Знајте си ја вредноста и не прифаќајте помалку, бидејќи заслужувате да бидете сакани безусловно“.

iskreni-ispovedi-na-zheni-najgolemata-greshka-shto-ja-napraviv-vo-mladosta-ne-ja-povtoruvajte-i-vie-02_copy.jpg

„Љубовта не е доволна – потребна ви е вистинска компатибилност исто така. Не само за некои нешта, туку за сите важни работи. Тоа не исчезнува, не може да го заобиколите, само одите понатаму по патот, а разликите ќе отскокнуваат секогаш. Не е важно колку сте вљубени, различностите ќе ве стигнат“.

„Ако тој вистински сака, ќе најде начин. Ако не сака, ќе најде изговори“.

„Постојано го жртвував мојот комфор за комфорот на оние околу мене. На крајот, никој не го ценеше тоа. Кога луѓето ќе се навикнат да земаат без да вратат, почнуваат да веруваат дека тоа е нивно право. Ако можам да се вратам во времето, ќе си ја ставев мојата добросостојба на прво место, отколку сите други“.

iskreni-ispovedi-na-zheni-najgolemata-greshka-shto-ja-napraviv-vo-mladosta-ne-ja-povtoruvajte-i-vie-08.jpg

„Се омажив со љубовта од факултет, што не беше грешка. Грешката беше што останав со него за децата, кога требаше да се разведеме“.

„Згрешив што животот ми се вртеше околу мажи/врски. Дури во доцните 30-ти години се заљубив во себе и сфатив дека ми е полесно без маж“.

„Научете да живеете без каење. Има надеж секој ден за подобрување, но гледањето наназад не ви дава ништо освен тага. Насочете се кон напред“.

iskreni-ispovedi-na-zheni-najgolemata-greshka-shto-ja-napraviv-vo-mladosta-ne-ja-povtoruvajte-i-vie-05.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Искрени илустрации кои се доказ дека да се биде возрасен значи само добро да се преправаш Во ресторани барате здрави намирници, а кај мама дома уживате во домашните палач...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
14 вешти луѓе кои со свои раце создадоа мали ремек-дела (фото) „Со часови гледав во фотографијата од мојот миленик пред да направам приврзок со...
„До 26 години се разведов 3 пати – повторно ќе се мажам, но никој не верува дека ќе издржам долго“ „Првпат се венчав на 19 години и навистина не знаев што значи бракот. Сите ми ка...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...

Најчитани неделава