Искрени исповеди на жени: „Најголемата грешка што ја направив во младоста – не ја повторувајте и вие“
„Не се мажете за првиот дечко што ќе праша“.
„Патувајте! Патувајте повеќе ако можете, додека сте млади и имате помалку обврски и одговорности. Патувањето станува потешко кога ги имате сите сметки, деца и уште куп обврски и трошоци. Ако можам да се вратам во времето, би патувала повеќе во раните 20-ти години“.

„Не им замерувајте на родителите (или блиските од семејството). Никој нема совршени родители. Ако односите не ви се најдобри, но не се ниту насилни и токсични, пробајте да најдете заеднички јазик. Потрудете се да ги имате во животот. Посетувајте ги, поминувајте време заедно, запознајте ги како луѓе не само како родители. Бидејќи стрелките ќе чукнат и ќе ги нема, а вие ќе останете со куп неодговорени прашања“.
„Се омажив заради притисокот што останав бремена. Мислев дека е правилна одлука, но не бевме емоционално подготвени ниту компатибилни. Заврши со развод. Научив дека големите животни одлуки се носат со јасност, не со страв“.
„Научив да кажувам НЕ многу доцна во животот. Сега сум во раните 30-ти години“.

M. M. | Црнобело