Инспиративна приказна: Дедо отишол да умре на остров во Грција, па живеел уште 45 години

Гркот Стаматис, додека живеел во САД, добил дијагноза за рак на белите дробови и прогноза дека ќе живее 9 месеци. Наместо да се лекува, решил да се врати во родната Грција, на островот Икарија, каде одживеал уште 45 години, без разлика што не примал никаква терапија. Но, тој не е единствената долговечна личност на грчкиот остров…

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-01.jpg

Иако починал во 2013 година, Гркот Стаматис Мораитис е личност за којашто се зборува до денес.

Живеел во САД, каде во 60-тите години од животот добил дијагноза за рак на белите дробови.

Лекарите му предвиделе само девет месеци живот, по што тој решил да се врати во родната земја.

Повторно во Грција, на островот Икарија, Стаматис одживеал уште 40-тина години пред да почине на околу 100-годишна возраст.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-11.JPG

Што знаеме за импресивниот Грк и (долговечните луѓе на островот Икарија)?

Во 1943 година, Стаматис, кој бил воен ветеран, отишол во САД барајќи третман за раката што ја повредил во војна.

Прво живеел во Порт Џеферсон, Њујорк, каде што имало и други Грци од Икарија, а брзо успеал да си најде работа.

Потоа се преселил во град во Флорида, а стапил и во брак со Американка со грчко потекло.

Стаматис бил задоволен од животот во САД – со сопругата добиле три деца, успеале да си купат куќа, а имале и автомобил.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-03.JPG

Но, во 1976 година, Стаматис забележал проблеми со дишењето кое му се влошило до тој степен, што морал порано да си замине од работа.

Отишол на лекар каде речиси веднаш му кажале дека има рак на белите дробови.

Стаматис подоцна има изјавено дека отишол кај девет различни лекари и сите му ја кажале истата дијагноза. Притоа, му предвиделе само околу девет месеци живот.

Стаматис, кој тогаш веќе бил во своите 60-ти, прво мислел да се лекува во локална болница. Неговите деца веќе биле возрасни, па сакал да биде блиску до нив.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-14.JPG

Сепак, се премислил и одлучил да се врати на Икарија за да може да биде погребан во семејната гробница со поглед кон Егејското Море.

Притоа, Стаматис сметал дека погребот во САД ќе чини илјадници долари, додека на Икарија ќе биде погребан за многу помала сума, а со тоа ќе останат повеќе пари за неговата сопруга.

Заедно со сопругата Елпиники, Стаматис се вратил во Грција и на Икарија почнале да живеат со неговите родители.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-09.JPG

Првите денови откако пристигнале, Стаматис ретко станувал од кревет, а мајка му постојано се грижела за него.

Мислејќи дека деновите му се избројани, Стаматис решил да ѝ се посвети и на религијата.

Во близина на куќата на родителите имало црква, каде татко му порано бил свештеник, па Стаматис почнал редовно да ја посетува.

Во меѓувреме, пријателите со кои пораснал почнале да го посетуваат секој ден штом дознале дека се вратил.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-7_copy.JPG

Дружејќи се со нив, неретко и со добро локално вино, Стаматис си мислел дека ако ништо друго, барем ќе почине среќен.

Гркот го чекал „судниот ден“, но почнал да забележува дека всушност се чувствува подобро. Имал повеќе енергија, па почнал да завршува домашни обврски.

Решил да ја среди бавчата во дворот и посадил неколку зеленчуци. По околу шест месеци, решил да го среди малото лозје на неговите родители.

Како што минувале деновите, Стаматис се чувствувал сè подобро и подобро, па наместо во кревет, целиот ден му бил исполнет со обврски – работел на бавчата и лозјето, си правел ручек, дремнувал, па навечер одел во локална таверна.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-02.JPG

Годините минувале, а болеста на Стаматис како да исчезнала.

Со текот на времето доградил уште неколку соби во куќата за да можат да го посетуваат децата.

Од лозјето направиле мала винарија и си продолжил со животот уште четири децении, без разлика што не примал никаква терапија за ракот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава