Инспиративна приказна: Дедо отишол да умре на остров во Грција, па живеел уште 45 години

Приказната на Стаматис го привлекла вниманието на новинарот и истражувач Ден Буетнер од The New York Times кој истражувал места на кои живеат најмногу стогодишници.

Едно од местата кои се нашле на неговиот радар е грчкиот остров Икарија.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-12.JPG

Иако, признава, дека било тешко да се утврди точната возраст на некои лица бидејќи немале изводи, а ни самите не знаеле кога се родени, вели дека овде сепак имало луѓе кои живееле натпросечно долго

„Експерти од Универзитетот во Атина заклучија дека луѓето на Икарија живеат до 90-тиот роденден два и пол пати повеќе од Американците.

Покрај тоа, живееле околу осум до десет години подолго пред да им подлегнат на болести како рак или кардиоваскуларни проблеми, поретко страдале од депресија и поретко имале деменција“, пишува новинарот во колумна од 2012-та.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-05.JPG

Тој додава и дека повеќето луѓе останувале со бистар ум до крајот на животот.

Во 2009 година, новинарот разговарал со лекар од Икарија за долговечноста на локалците.

„Овде луѓето остануваат будни до доцна. Се будиме доцна и дремнуваме во текот на денот. Јас не ги отворам очите до 11 бидејќи никој не доаѓа пред тоа.

Исто така, си забележал ли дека никој не носи часовник овде? Ниту еден часовник не е точен.

Па, ако поканете некој на ручек, може да дојде во 10 наутро или во 18 попадне. Едноставно, не се грижиме за времето“, му кажал лекарот.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-08.JPG

Тој додал и дека на Икарија, луѓето не се грижат премногу за пари.

„На само 15 километри одовде светот е сосема поразличен. Многу е поразвиен. Има домови и ресорти вредни милиони евра. Се грижат само за пари.

Но, ние овде не. За многуте празници и прослави, луѓето собираат пари и купуваат храна и вино. Ако останат пари, им ги даваат на сиромашните“.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-10.JPG

Докторот му спомнал и за локален чај направен од ендемски билки кој го мешале со други чаеви и го пиеле навечер. Често консумирале и мед.

„Луѓето овде мислат дека уживаат во топол пијалак, но тоа е истовремено и лек. Овде имаме видови мед што нема да ги видите на друго место во светот.

Се користи за сè – од лекување рани, до лекување мамурлак или грип. Старите луѓе го почнуваат денот со лажица мед. Го користат како лек“.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-13.JPG

Новинарот спомнува и дека сретнал повеќе од 20 луѓе кои имале над 90 години, како и дека сите повозрасни жители изгледале многу витални.

И, сите му го кажувале истото како и лекарот – се буделе без аларми, работеле во градината, ручале доцна, дремнувале, а вечерта ја минувале во дружба.

Што се однесува до храната, сите ги јаделе генерално истите работи – за појадок леб, козјо млеко, мед и чај или кафе.

За ручек се јаделе мешунки, како грав и леќа, компири и сезонски зеленчук од домашната градина. Вечерата била едноставна – леб и козјо млеко.

po-dijagnoza-za-rak-vo-sad-se-vratil-vo-grcija-i-zhiveel-ushte-45-godini-koja-e-tajnata-na-100-godishnicite-na-ikarija-04.JPG

Што се однесува до Стаматис Моратис, тој починал во 2013 година, но уште се шпекулира за неговата точна возраст.

Самиот тврдел дека има 103 години, додека некои документи покажувале дека одживеал 98. Без разлика кој е точниот одговор, приказната за Стаматис, но и локалците во Икарија е навистина импресивна.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава