„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пекол“
Со пиштол вперен во глава, бев толку преплашена што не можев да дишам.
Со Пол неколкупати нè тераа да се преместуваме во други возила и разни мажи влегуваа во нив.
Во еден автомобил, слушнав повисок гласи и се ужаснав кога видов мало дете со муниција и автоматска пушка голема колку него.
Подоцна другите пирати им кажаа дека детето имало 11 години и дека веќе убило три лица.
Многу часа подоцна, додека беше темно, автомобилот запре во изолирана пустина. Маж со автоматска пушка ни нареди да излеземе. Беше многу темно и бев сигурна дека ќе ме силуваат и ќе ме убијат.
Никогаш во животот не сум била поисплашена. Колку би можело да ме боли? Како ќе се чувствувам? Почнав да мислам на мајка ми, која почина една година претходно, и да ја молам да ми помогне да бидам силна.
Додека нè тераа да седнеме на земјата, си помислив дека немав можност да станам мајка. Дека ова е крајот на мојот живот.
Потоа еден маж одеднаш рече: „Спиј“. Ме турна на земјата и паднав преморена. Кога ги отворив очите, сонцето светеше силно.
Наредните неколку дена, нè надгледуваа 24/7, со пиштолот вперен во лицето, и ни даваа малку храна и вода.
Ако ни се одеше во тоалет, можевме да се оддалечиме само неколку чекори, а мажите постојано нè гледаа.
На петтиот ден, нашите киднапери се договорија да ѝ се јават на невладината организација за да преговараат за откуп.
Сакаа 34 милиони фунти – истата сума што другите пирати ја барале кога киднапирале товарни бродови – и не ме слушаа кога им реков дека нема да ја добијат таа сума за двајца невладини работници.
Деновите се претворија во недели, потоа во месеци. Постојано се движевме, спиевме на отворено.
Имаше малку храна и вода, а условите беа брутални – во текот на денот беше многу жешко, додека навечер смрзнувавме.
На секои пет денови, се менуваше групата мажи што нè чуваа. Повеќето беа само чувари кои сака да заработат за нивните семејства, но имаше и такви кои уживаа да нè мачат.
Се преправаа дека ќе нè застрелаат, а мене ми велеа дека ќе ме силуваат ако сум непослушна. Како единствена жена, постојано се плашев од силување.
Еден маж ме допираше навечер, па спиев на стомак, пробувајќи да се заштитам со рацете.
Девет недели по киднапирањето добив инфекција на уринарниот тракт која ми се прошири на бубрезите. Имав ужасни болки и здравјето брзо ми се влошуваше.
Пиратите ми понудија некаков лек, но не знаев што е и одбив да го испијам.
На 16-ти јануари 2012-та, за време на повик со нашата невладина организација, им реков „Ако не ме спасите ќе умрам“.
Девет дена подоцна, додека спиев, слушнав истрели од пушка и пиратите почнаа да паѓаат мртви на земјата.
Мислев дека сме киднапирани од друга група, сè додека некој ми рече „Џесика, безбедна си“.
Потоа го здогледав Пол кој им кажа дека мажите се од специјална единица на САД – SEAl Team Six, кои претходната година го убија Осама Бин Ладен.
Тогашниот претседател Обама ги пратил да нè спасат.
Дури кога стигнавме во воената база во соседната држава Џибути заплакав.
Потоа нè однесоа во болница во Италија – имав ослабено 15 килограми и бев истрауматизирана. Тогаш се видов и со сопругот Ерик.
Една недела откако ме пуштија од болница, отидовме во САД за да си го видам семејството, а потоа се вративме во Најроби.
До денес уште си го кријам телото со рацете кога спијам, јадам брзо од страв дека некој ќе ми ја земе храната и имам страшни сеќавања од целото искуство.
Но, она што ми се случи ме научи дека сум посилна отколку што мислев“.
Спирова С. | Црнобело
