„Ме киднапираа сомалиски пирати – 11-годишно дете ми се закануваше со пиштол, поминав 3-месечен пекол“
„На секои пет денови, се менуваше групата мажи што не чуваа. Повеќето беа само чувари кои сака да заработат за нивните семејства, но имаше и такви кои уживаа да нè мачат. Се преправаа дека ќе нè застрелаат, а мене ми велеа дека ќе ме силуваат. Како единствена жена, постојано се плашев од силување“.

Кога се во прашање пирати, повеќето си го замислуваме Џони Деп како Џек Спероу и генерално ги гледаме како нешто од минатото.
Но, пирати постојат и денес кои во модерно време се опремени со моторни бродови, автоматско оружје, но и технологија која им овозможува да ограбуваат и киднапираат други бродови, но и луѓе.
Меѓу најозлогласените се сомалиските пирати, кои оперираат покрај брегот на Сомалија.
Иако денес нивната активност е значително намалена, во 2000-тите честопати напаѓаа трговски бродови, барајќи откуп.
Имало и низа ситуации каде што киднапирале луѓе, најчесто за барање откуп.
Во ваква ситуација се нашла Џесика Бунханан која била киднапирана од пирати додека работела во Сомалија.
Притоа, таа била киднапирана на копно, а вели дека во паника се прашувала што ќе ѝ направат – дали ќе ја ограбат, ќе ја силуваат или можеби и ќе ја убијат.
За The Sun, денес 46-годишната Џесика ја раскажува својата приказна:
„Со киднапирањето, започна пекол кој траеше 93 дена, а секој ден се прашував дали ќе ми биде последен.
Откако пораснав во рурална област во Охајо, во 2007-ма се преселив во Најроби, Кенија за да работам како наставничка по англиски.
Овде го запознав мојот сопругот Ерик и во август 2009-та се преселивме во Харгеиса, главниот град на самопрогласената република Сомалиленд во Источна Африка (на територија на Сомалија).
Овде почнавме да работиме за невладина организација.
Си ја сакав тамошната работа и им се восхитував на луѓето од Сомалија кои беа силни, отпорни и забавни.
Уживав во животот таму, но имаше и опасност. Некои области беа нестабилни и беа под контрола на завојувани кланови, додека пиратите честопати киднапираа бродови покрај брегот.
Во октомври 2011-та бев испратена во градот Галкајо, на околу 770 километри од градот во којшто живеевме со сопругот, за да обучувам локални работници.
Знаев дека областа е опасна, па имавме и вооружен телохранител.
Но, она што не го знаев дека на само од 500 метри од нашата канцеларија имаше дувло на сомалиски пирати – напредуваа од киднапирање бродови до киднапирање луѓе на копно.
По три дена од почетокот на обуката, токму тоа ни се случи мене и на мојот колега Пол Тистед, додека со автомобил одевме кон куќата во којашто престојувавме.
Подоцна дознав дека нашиот телохранител и возачот биле вклучени во операцијата и им ја кажале на пиратите нашата локација.
