Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето на јавноста
Некои би ја нарекле убиец, а некои хероина, но Маријан Бахмајер имала само една цел – таа да му пресуди на мажот што ја убил нејзината седумгодишна ќерка.

Во 1981-ва, Маријан Бахмајер од Германија ја презел правдата во свои раце и шестпати го застрелал убиецот на нејзината ќерка во полна судница, за време на неговото судење.
Набрзо потоа и самата се нашла на суд за убиство, а јавноста, која будно го следела судењето, си го поставувала прашањето дали нејзината постапка била оправдана.
Што знаеме за случајот што до денес ја вознемирува Германија?
Во 1970-тите, Маријан била самохрана мајка која имала паб во германскиот град Либек и се соочувала со финансиски проблеми.
Живеела со нејзиното најмало дете, ќерката Ана, а имала и две постари деца кои ги дала на посвојување.
На 5-ти мај 1980-та, Маријан и тогаш седумгодишната Ана имале расправија и девојчето не отишло на училиште.
Но, не останала дома, туку некако се нашла кај нивниот сосед – 35-годишниот Клаус Крабовски кој веќе имал досие за сексуално вознемирување деца.
Според истрагата, педофилот неколку часа ја држел Ана заробена во неговиот дом, а на крај ја убил со давење. Потоа телото на девојчето го ставил во кутија која ја однел до канал во околината.
Свршеницата на Клаус била таа што повикала полиција и убиецот бил уапсен истата вечер.
Веднаш го признал убиството, негирал дека го силувал девојчето, но дал и вознемирувачко сведоштво.
Тој тврдел дека седумгодишната Ана пробала да го заведе, а потоа го уценувала да ѝ даде пари за да не ѝ каже на мајка си.
Овој период во Германија сексуалните престапници честопати биле хемиски кастрирани за да се спречат да го повторат дејството.
Клаус веќе бил обвинуван за силување, но според неговиот адвокатски тим, тој своеволно направил хемиска кастрација.
Притоа, неговата одбрана тврдела дека тој го извршил убиството бидејќи бил под влијание на хормоналната терапија што ја примал поради кастрацијата.
Скршена од болка и гневна, Маријан не била задоволна од насоката во којашто сте одвивало судењето.
