Го застрелала убиецот на ќерка ѝ во полна судница: Детали за случајот што до денес го дели мислењето на јавноста
На третиот ден од судењето, во полна судница, гневната мајка извадила пиштол од чантата и истрелала осумпати.
Шест куршуми завршиле во Клаус и тој умрел во судницата.
Според некои очевидци, откако го застрелала, Маријан само изјавила дека сакала да го убие.
„Ја уби ќерка ми… Сакав да го застрелам во лицето, но го застрелав во грбот… Се надевам дека е мртов“, наводно рекла Маријан.
Набрзо потоа и самата Маријан била изведена пред суд за убиството на Клаус.
Според нејзиното сведочење, таа сонувала како го убива Клаус, а вели дека во судницата имала визии од нејзината мртва ќерка.
„Слушнав дека сака да дава изјава. Тогаш си помислив ’Еве уште една лага за жртвата која е моето дете‘“, изјавила во судницата.
Случајот со Маријан брзо се прославил во Германија, а својата приказна ја раскажала и за весникот Stern.
Според непотврдени информации, го направила ова за да може да ги покрие трошоците за време на судењето.
Реакциите на јавноста била донекаде измешани. Весникот добивал пораки од читатели кои споделувале дека ја разбираат нејзината тага, но сепак сметале дека не требало и самата да стане убиец.
На крај, во 1983-та, Маријан добила шест години зад решетки.
Според анкета, околу 28% од испитаниците од Германија сметале дека казната е соодветна, додека 27% верувале дека е премногу строга.
25% од испитаниците сметале дека Маријан заслужувала поголема казна.
Маријан бил ослободена во 1985-та, откако отслужила само половина од својата казна, по што се преселила во Нигерија.
Овде стапила во брак, но по разводот се преселила на Сицилија, каде што била дијагностицирана со рак на панкреас.
Последните денови ги поминала во Германија и починала во 1996-та, на 46-годишна возраст.
Маријан била погребана до нејзината ќерка Ана.
Спирова С. | Црнобело
