„Трипати ја измамив смртта – преживеав труење со гас, цунами и несреќа со сурфање, не знам како сум жива“

Сула од Англија, која денес живее на Ибица, во детството речиси го загубила животот поради труење со јаглероден моноксид. Кога, пак, во 2004-та со семејството биле во Шри Ланка, преживеале цунами кое убило над 31.000 луѓе. Последната блиска средба со смртта ѝ бил пред само две години, кога речиси загинала во несреќа со сурфање.

tripati-ja-izmamiv-smrtta-prezhiveav-truenje-so-gas-cunami-i-nesrekja-so-surfanje-ne-znam-kako-sum-zhiva-01.jpg

Повеќето луѓе не искусуваат „блиска средба со смртта“ во инциденти како сообраќајки. Оние, пак, кои сепак ќе се најдат во ваква ситуација се енормно среќни што преживеале и не ни сакаат уште еднаш да им се случи нешто такво.

Но, Сула Деметриу од Англија преживеала низа вакви несреќи, па сега вели:

„Искрено, не знам уште колку животи ми остануваат“.

tripati-ja-izmamiv-smrtta-prezhiveav-truenje-so-gas-cunami-i-nesrekja-so-surfanje-ne-znam-kako-sum-zhiva-02.JPG

46-годишната Сула, која денес живее на Ибица, вели дека овие искуства ѝ оставиле траума.

„Имав навистина многу трауматични искуства во мојот живот. Сето ова ми е како хорор-филм кој постојано го гледам во мислите“, раскажува таа за The Sun.

Додека била дете, целото семејство на Сула речиси загинало од труење со јаглероден моноксид.

tripati-ja-izmamiv-smrtta-prezhiveav-truenje-so-gas-cunami-i-nesrekja-so-surfanje-ne-znam-kako-sum-zhiva-11.JPG

Тогаш Сула имала 11 години, а најпрво нејзината сестра почнала да има напади. По само неколку часа, мајка ѝ доживеала привремена парализа, а самата Сула била дезориентирана и имала силни главоболки.

Кога отишле во болница, лекарите се чуделе како е воопшто живи.

„Во нашиот дом во Англија со месеци, а можеби и со години сите имавме некакви проблеми со здравјето, како многу силни главоболки.

Една од моите сестри беше хоспитализирана бидејќи се онесвестуваше, а другата сестра, која беше бебе, почна да добива напади. Секогаш ѝ се јавуваа рано наутро, па лекарите се прашуваа дали има епилепсија.

Мајка ми и татко ми неколкупати ја носеа на лекар и по некое време ги замолија лекарите да тестираат за труење со јаглероден моноксид“.

tripati-ja-izmamiv-smrtta-prezhiveav-truenje-so-gas-cunami-i-nesrekja-so-surfanje-ne-znam-kako-sum-zhiva-4.JPG

Тогаш не можеле да ѝ го направат тестот, но кога целото семејство почнало да покажува симптоми, на лекарите им станало јасно што се случува.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава