„Трипати ја измамив смртта – преживеав труење со гас, цунами и несреќа со сурфање, не знам како сум жива“
„Се сеќавам дека татко ми нè извлече од куќата и викна брза помош. Прво не знаеја што да ни прават во болницата бидејќи луѓето обично не преживуваат толку високо ниво на јаглероден моноксид…
Имавме многу среќа бидејќи со толку многу јаглероден моноксид, луѓето обично умираат додека спијат“.
Неколку години подоцна, во 2004-та, Сула и семејството отишле на одмор во Шри Ланка.
Но, токму тогаш се случило страшното цунами во кое загинаа над 31.000 луѓе.
Кога огромниот бран стигнал до брегот, Сула била сама во хотелот на трети кат.
Со часови гледала како околу неа се руши се и не знаела дали членовите на нејзиното семејство се живи.
„И овој пат навистина имав среќа, но целото искуство беше многу застрашувачко. Прво не знаевме што се случува… Телефоните не работеа, сите бевме исплашени и не знаевме што ќе се случи следно.
Цел ден не можев да го добијам татко ми и чувствував шок и паника. Се сеќавам дека отидов кај хотелскиот менаџер и сите беа во паника, но кратко по зајдисонцето, моето семејство конечно дојде во хотелот.
Сите беа покриени со кал, но живи, па и ова беше чудо“.
Иако сите преживеале, Сула истакнува дека им било тешко да се радуваат.
„Бевме благодарни, но насекаде околу нас имаше смрт. Се чувствував беспомошно. Кога конечно стигнавме до авион, имаше многу празни седишта…“
Во наредните неколку години, Сула станала инструкторка по јога и се преселила на Ибица. Но, пред две години се соочила со уште еден инцидент.
„Бев на сурфање со змеј (кајтсурфинг), кога одеднаш дувна силен ветар, ме подигна и ме удри во зграда во близина на брендот, па потоа паднав на земја, како камен.
Имав оштетување на внатрешните органи и поминав цел месец во болница. И од ова искуство имав трауми, но сега бев подобро опремена. Наместо да паничам, само се прашав што треба да направам следно.
Додека бев во болница сестра ми ме праша дали сме најнесреќните луѓе на земјата. Но, јас мислам дека сме многу среќи бидејќи сме ги преживеале овие несреќи и не сме загинале“.
Таа се шегува и дека не знае уште колку животи има, но јасно ѝ е дека сега треба да биде повнимателна.
Спирова С. | Црнобело