Македонка споделува цени од супермаркет во Норвешка – какао 300 денари, млеко - 200: „Доживеав шок од цените“
„Првиот пат кога дојдов во Норвешка во 2012 година, не можев да им верувам на очите… Кога ги видов цените во продавниците, доживеав вистински шок!“, вели Славица од Скопје и споделува колку чини зејтин, овошје, леб и низа други намирници во Осло.

Славица Савеска - Кењереш од Скопје, по професија дипломиран економист, од 2012 година живее во Осло, со сопругот и двете ќерки.

Таа често патува со своите сакани, а авантурите ги споделува на својот Инстаграм профил „Семејство на пат“.
Сепак, сега, по враќањето во Осло сподели какви се цените во супермаркет таму.

Славица вели:
„Првиот пат кога дојдов во Норвешка во 2012 година, не можев да им верувам на очите…
Кога ги видов цените во продавниците, доживеав вистински шок! Споредбено со дома, овие тука беа даааалеку повисоки“.

Нејзината објава на тема најевтините цени кои моментално можат да се најдат во Осло:







