Годишно фрламе илјадници евра во ѓубре

Кога ќе дознаете дека во ЕУ годишно се фрлаат 90 милиони тони храна за кои истовремено се фрлаат илјадници и илјадници евра во ѓубре, мора да се засрамиме поради несовесноста и расфрлањето.

godisno-frlame-iljadnici-evra-vo-gjubre-01

Но, тоа не се должи само на нашето невнимание или негрижа, туку и поради т.н. „употребливо до“ датум. Токму тоа е она што нè тера без размислување да фрлиме дури и цели пакети неотворена храна.

Според здравствените и производствени светски стандарди во продавниците таа ознака мора да се почитува и производите со поминат рок да се отстранат од полиците.

Сепак, она што може секој од нас да го примени за да заштеди е домашната употреба на истите производи.

Постојат некои на кои иако им е поминат рокот, сепак може и понатаму да се користат само доколку се чуваат соодветно.

Јајца

Во фрижидер може да стојат 3 до 5 недели, а во замрзнувач без лушпа и до година. Чувајте ги во најладниот дел од фрижидерот, не на вратата.

Маслиново масло

Обично рокот на траење му е од 18 до 24 месеци, а најдобро би било да се чува во фрижидер и на темно место. Иако вкусот и мирисот може малку да му се променат, сè уште може да го користите.

Мајонез

Неотворениот, индустриски произведен мајонез во тегла или кесичка може да го користите и после неколку месеци, речиси и неограничено. Ако се отвори може да се користи два до три месеци по истекот на рокот. Но, често му се менува бојата и вкусот, па може да не ви биде вкусен како свежиот и тазе купен мајонез.

Јогурт

Најмалку уште 10 дена по поминувањето на рокот може да го користите јогуртот, ако не е отворен и изгледа нормално и свежо. Може и да го замрзнете па да го употребите и после 3 месеци.

Домати

Ако купите малку поцврсти и недозреани домати од пазар, по недела – две може да бидат дури и подобри од оние на почетокот, бидејќи созреале. Доматите не треба да ги јадете ако се водести и сплескани.

godisno-frlame-iljadnici-evra-vo-gjubre-2

Зачини

Дури 3 години по истекот на рокот на траење, може да ги користите без никаков проблем. Единствено на што треба да внимавате е да бидат добро затворени за да не ги изгубат вкусот и аромата.

Сладолед

Еден од производите кои навистина не би требало да ги купувате во големи количини, бидејќи дури и ако стои во замрзнувач брзо го губи свежиот вкус поради високото количество масти. Три месеци е максимумот кој може да го издржи во замрзнувачот, ако видите каква било промена на вкусот или изгледот, тогаш ќе мора да го фрлите.

Пастеризирано млеко

Може да се користи и една недела по истекувањето на рокот. Во замрзнувач може да стои и до 3 месеци. Само при некоја промена на мирисот или вкусот значи дека треба да се фрли.

Телешко/говедско месо

Добрите ресторани се фалат со своите комори за чување месо бидејќи тоа е доказ дека може истото да трае и до 5 недели под услов при готвењето добро да се обработи термички.

Почнете да штедите и користете ги производите до крај.

godisno-frlame-iljadnici-evra-vo-gjubre-1

Би можело да ве интересира:

12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
Фрустрирачки фотки од ресторани и компании за храна кои бесрамно лажат Пица со половина домат кој не е ни исечен, десерт за деца кој изгледа како од хо...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава