Зошто некои песни не ни излегуваат од глава?

Седнуваме во кола или автобус и се упатуваме кон работното место. Одеднаш пуштаат песна која подоцна цел ден не ни излегува од глава. Малку по малку си ја потпевнуваме. Но, зошто ни се случува тоа?

zoshto-nekoi-pesni-ne-ni-izleguvaat-od-glava-01.jpg

Едно истражување кое е направено со скенирање на мозокот открива дека станува збор за феномен кој е именуван како присилна музичка слика.

Досега овој феномен не бил доволно истражен за да се знае како точно влијае на нас, но по овој експеримент се открива дека некои песни со своите фрекфренции создаваат во нас „музички слики“ односно ја будат способноста да ги замислуваме звуковите.

Експериментот е направен на 44 испитаници на различна возраст од 25 до 70 години во кои направени се основни истражувања на тоа колку испитаниците се музички надарени, а потоа направени се снимањата на мозок0т.

Откриено е дека одредени луѓе имаат физиолошка родена предиспозиција да ги замислуваат песните, односно од нив да формираат музички слики. Но, што понатаму?

Откриено е дека кај овие луѓе оваа „способност“ значајно влијае на нивните емоции, па научниците продолжуваат со истражување со кое ќе се обидат да откријат како одреди типови може физиолошки да влијаат на нас и да ни го подобрат расположението, дури и кога станува збор за неговите нарушувања.

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава