За мрзата и црвениот кармин

Последниве десетина дена никако да се убедам да седнам, да напишам нешто. Поарно не би пишувала за ништо, отколку за нешто колку ради – реда.

za-mrzata-i-crveniot-karmin.jpg

Мрзлива сум, да. Одвреме – навреме. Тврдоглава, на кантар не се мери. Некогаш си ја оставам работата за утре која можам да ја направаме денес, чисто колку да не ми биди досадно утре. И така мрзливо размислувајќи сфаќам дека има два вида на мрза, онаа променливата и онаа константната. Епа, ете ти, мрзата ме натера да пишувам.

Вака, променливата се појавува еднаш, двапати, можеби трипати годишно. Тоа е период кога немаш желба за ништо, едвај чекаш да се вратиш дома и да му се фрлиш на креветот. Немаш ќеиф за културни и спортски случувања, не ти се дреме по локали, музиката во тие моменти ти е прегласна, сите се некако кичести, здодевни, дури и чоколадото ти е преку глава. За таквата мрза, кога можеш да спиеш и 24 часа, не знам дали има некаков лек. Џабе ти витамини, таа сама поминува за недела – две.

Е, онаа константната е полоша и од рак. Познавам луѓе кои се заразени од неа. Ги мрзи да живеат, најсериозно. Мрза им е да ти одговорат на прашање, да се насмеат, да прочитаат книга, да изгледаат филм, да ги прошетаат децата во паркот. Сè им е супер сиво и навикнале на тоа. Понекогаш, ми доаѓа да одам да ги фатам за коса, да ги искубам, да им речам: „Ало, до каде, до кога? “

На 20 и кусур, на триесет ли ќе и се предадеш на летаргијата?“ И мрзоволно ќе ми кажат дека имаат проблеми. Па, сите имаме! Има и луѓе со поголеми од твоите! Излези надвор, објави им војна на проблемите, ако нема решение, ќе го измислиме, ќе го нацртаме. Купи си гумени бонбони или двестеграмско чоколадо, одеднаш сè станува полесно!

Одбирам да бидам променливо мрзлива наместо константно мрзлива. А кога ме мрзи да мислам, ставам црна облека, големи очила за сонце, ѓердан, дрско црвен кармин и одам до најоддалечениот маркет на високи потпетици за да си купам чоколадо!

М. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава