Возрасни сте дури кога ќе ги прифатите овие 10 животни вистини

Ако нешто силно сакаш, тогаш треба и силно да се потрудиш. И понекогаш, мора да се помирите дека нема се да биде по ваше. Звучи познато?

vozrasni-ste-duri-koga-ke-gi-prifatite-ovie-10-zivotni-vistini-01.jpg

Дури кога ќе ги прифатите овие 10 животни вистини, може да кажете дека сте влегле во светот на возрасните.

Проверете до каде сте:

1. Животот е тежок

Врските и пријателствата се раскинуваат, луѓето се лоши и себични, работното место лесно може да се изгуби, некои проекти пропаѓаат... Работата е во тоа што треба да ги прифатите како нормални животни појави и промени, да ја подигнете главата и да продолжите понатаму.


2. Ништо нема да ви падне од небо

Ако нешто сакате, тогаш ќе мора и да се потрудите.


3. Ваша одговорност е да ги поправите работите

Исто така ако нешто утнете, вие сте единствените кои можете да ги поправите работите, затоа што никој нема да ви ја заврши таа работа.


4. Секој заслужува втора прилика

Но, ако и неа ја прокоцка, немате за што да размислувате и разговарате.


5. Сите односи и врски се тешки

И љубовните и пријателските и семејните. Не се сите луѓе исти, ниту пак сите врски се еднакво лоши или пријатни. Секоја врска бара работа и труд, но на крајот секогаш се исплати.

vozrasni-ste-duri-koga-ke-gi-prifatite-ovie-10-zivotni-vistini-02.jpg

6. Не е се во парите

Прекрасно е да ги имате, но подобро да не станувате роб. Постојат мал милион работи кои не може да се заменат ни со брдо пари.


7. Не може баш секогаш да биде по ваше

Ќе паднете многу испити, ќе имате лош шеф, нема да имате пари во паричникот, ќе се скарате со партнерот, никој нема да се грижи за вашиот успех или пад на работното место... Едноставно, животот тече и не секогаш е онаков каков што сте го замислиле.


8. Не можете да ги усреќите апсолутно сите

Луѓето доаѓаат и си заминуваат од животот, а ако баш со сите имате совршен однос, тогаш нешто не штима.


9. Понекогаш е сосема во ред да си се ставите вие на прво место

Да размислувате за себе и своите желби не значи да сте себични. Понекогаш тоа е неопходно за да можете да функционирате како што треба. Клучот е во тоа да препознаете кога е сосема во ред да си се ставите себеси на прво место, без никого да повредите.


10. Никогаш не е доцна за позитивна промена

Не морате да ја чекате следната Нова година за да решите да воведете промени. Важно е само добро да размислите што сакате и каква промена ви треба. Тогаш може да зачекорите во едно посреќно секојдневие.

vozrasni-ste-duri-koga-ke-gi-prifatite-ovie-10-zivotni-vistini-03.jpg

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава