Еспресо и Coca-Cola ќе ве молам: Што кажува за вас изборот на кафе?

Според некои истражувања, дури 80% од луѓето консумираат кафе. Кафето е ритуал за добро утро, пауза на работа, разговор со пријателката, причина за несоница... Кафето го пиеме во било кој дел од денот.

espreso-i-koka-kola-ke-ve-molam-01.jpg

Токму изборот на кафето може да каже многу за вас и вашиот карактер:

Оние кои пијат еспресо се оригинални

Луѓето кои пијат кратко еспресо се амбициозни и педантни, секогаш во брзање. Тие се луѓе со став, кои знаат што сакаат. Оние кои го сакаат еспресото, ретко порачуваат друго кафе.

espreso-i-koka-kola-ke-ve-molam-1.jpg


Макијато пијат луѓето кои сакаат сигурност

Оние кои пијат макијато, знаат понекогаш да одберат и еспресо или нескафе. Овие луѓе не сакаат многу промени, ниту да преземаат ризици. Според некои истражувања, жените почесто пијат макијато, додека мажите повеќе го преферираат еспресото.

espreso-i-koka-kola-ke-ve-molam-2.jpg


Нескафето го одбираат авантуристите

Ова кафе е редовен придружник на оние кои често патуваат и кои кафето го пијат за да уживаат во него, а не поради потреба за кофеин. Интересна комбинација е нескафе со алкохол, најчесто вотка или рум, наменета само за најхрабрите, егзотичните и уметничките души.

espreso-i-koka-kola-ke-ve-molam-3.jpg


Капучиното го пијат луѓето кои сакаат ризици

Овие луѓе сакаат промени и неретко го менуваат изборот на кафе. Овие луѓе се лежерни и весели, секогаш подготвени за разговор. Интересно е што дури 85% од луѓето кои одбираат капучино се жени.

espreso-i-koka-kola-ke-ve-molam-4.jpg


Турското кафе е секогаш присутно во домашните атмосфери

Оние кои пијат исклучиво турско кафе, се страсни љубители на кафе и го обожаваат неговиот мирис рано наутро.

espreso-i-koka-kola-ke-ve-molam-5.jpg

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна... „Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
Ретки фотографии од Титаник и патниците кои (не) преживеале Менито за патниците од прва класа, теретаната на бродот, но и фотографии од спас...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Сосед ѝ истурил киселина бидејќи бил опседнат со неа: Потресната приказна на Наталија од Колумбија „Беше како вода. Не знам што ми истури, не се сеќавам дека почувствував некаков ...
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
Семејство од САД ја украсува истата елка цела 42 години: „Веќе е дел од нашето семејство, еднаш ја с... Семејство од Калифорнија цели 42 години ја кити истата елка за празничната сезон...

Најчитани неделава