Бонтон правила кои дамите никогаш не ги прекршуваат

Почитувањето на правилата за пристојност, бон-тон и правилно однесување се нешто по што културните и воспитани луѓе се разликуваат од останатите.

bon-ton-pravila-koi-damite-nikogash-ne-gi-prekrshuvaat-01.jpg

Но, доколку сакате од страна да ве гледаат како вистинска дама, треба да почитувате многу правила и да се одвикнете од некои навики кои сте ги имале досега.

Освен однесувањето, пресуден е и начинот на облекување, на купување, на седење и зборување и уште многу други работи.

Дознајте кои се грешките кои вистинските дами никогаш не ги прават и имајте ги предвид следниве совети ако сакате заслужено да ве наречат дама:

Евтини копии на брендови

Не е неопходно да ги потрошите последните пари на скапа брендирана чанта или чевли, но евтината копија, во ниту еден случај не е подобар избор. 

Разликата ќе биде забележлива, а впечатокот кој ќе го оставите нема да биде за восхит.

Подобро бирајте стилски и квалитетни парчиња со цена која е дозволива за вас, дури и ако не е популарен бренд. Истото важи и за накитот.

bon-ton-pravila-koi-damite-nikogash-ne-gi-prekrshuvaat-02.jpg

Облека која не одговара на формата, годините или пригодата

Вистинските дами секогаш наоѓаат облека со точна големина која им одговара на формата на телото и никогаш нема да ги видите во „вреќеста“ облека или пак тесна која „пука“ на нив.

Тие исто така не носат стара облека која ја изгубила формата и изгледот, а изборот секогаш е складен со пригодата.

Неправилно седење и повредување

Важно правило кое дамите секогаш го почитуваат е правилната положба на седење. Исправен грб и исправени раце без разлика дали стоите или седите зад компјутер.

Доколку сакате да бидете вистинска дама, никогаш не се кривете во телото.

bon-ton-pravila-koi-damite-nikogash-ne-gi-prekrshuvaat-03.jpg

Негрижење за себеси

Вистинска дама секогаш се грижи за своето здравје. Спортот и здравата исхрана, како и негата и грижата за убавина се задолжителни. Тело во форма и блескава кожа, средена коса и нокти – неопходна формула за добар впечаток.

Ставање силна шминка

Кога жената се грижи за својот изглед, нејзината кожа изгледа беспрекорно и нема потреба да се „маскира“ со тон шминка во силни бои. Природниот изглед е секогаш попрефинет и елегантен.

bon-ton-pravila-koi-damite-nikogash-ne-gi-prekrshuvaat-04.jpg

Покажување нервоза и нагли движења

Вистинската дама никогаш не прави претерано нагли движења кои ќе ја откријат нејзината нервоза или трема. Никогаш нема да видите дама која ги трие дланките, ја врти косата околу прст или тапка со ногата.

Неправилно јадење течна храна

Многумина кога сакаат да ја дојадат супата до последна капка ја подигнуваат чинијата, но ова не е дозволено кај дамите со пристојно однесување. Супата може да се јаде само со лажица, а она што не може да се собере, останува.

bon-ton-pravila-koi-damite-nikogash-ne-gi-prekrshuvaat-05.jpg

Непристојност и озборување

Зборувањето зад грб за некого е некултурен манир и иако понекогаш сите знаат во умерена доза да го направат тоа, дамите не си го дозволуваат озборувањето.

Гласно зборување и смеење

Важно е да го контролирате гласот и да зборувате понежно со цел да изгледате поженствено, бидејќи гласното смеење и зборување е неприфатливо за една дама.

Расправање

Вистинска дама има свое мислење во кое е целосно сигурна, па нема потреба со никого да се објаснува и расправа или докажува за нешто. Таа го кажува еднаш нејзиното, а дали другите ќе се согласат, тоа е нивни избор.

Уште 10 грешки на следната страна...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...

Најчитани неделава