Еден трик што треба да го украдете од богатите луѓе

Со кого имате интеракција на дневна база одредува во голема мерка каков живот ќе имате.

eden-trik-shto-treba-da-go-ukradete-od-bogatite-lugje-01.jpg

Авторот Томас Корли во неговото истражување за книгата „Change Your Habits Change Your Life“ откри дека богатите, успешни луѓе имаат способност некако да ја прекршат човековата навика несвесно да воспоставува врски со другите.

Според неговото истражување во кое учествувале 177 милионери и кое траело 5 години, Томас открил дека милионерите уште долго пред да стигнат на таа успешна позиција свесно и намерно вложувале напори да воспоставуваат врски со индивидуи, какви што тие целеле да станат, односно со богати и успешни луѓе.

Просечна личност несвесно ги избира пријателите и партнерот. Бара индивидуи со кои ќе се чувствува комфорно и ќе има слични навики и интереси.

Но, иако воспоставувањето врски е несвесно, треба да внимавате да не се зближувате многу со луѓе кои ќе ве влечат надолу и наместо тоа да изберете врски кои ќе ви го направат животот подобар. Не говориме да бирате некого според финансиската состојба, туку според неговиот поглед на светот и позитивен начин на живот.

eden-trik-shto-treba-da-go-ukradete-od-bogatite-lugje-02.jpg

Кај личностите со кои се спријателувате барајте ги следниве карактеристики:

- Добри навики

- Позитивен ментален склоп

- Доверливост

- Лојалност

- Мотивирачки став

- Стабилност

- Професионална ориентираност

- Силна волја и дисциплина

- Страст и ентузијазам

- Благодарност

Ако се концентрирате на овие позитивни карактеристики, вие ќе успеете да избегнете токсични врски кои нема да ви донесат среќа во животот. Не ви е потребен некој кој постојано ги обвинува другите за своите неуспеси и глуми жртва во секоја пригода.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 карактеристики на „лошите“ мажи (какви не ви требаат) Кога се лути или фрустрирани, прават сите околу нив да го чувствуваат тоа. Ако п...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...

Најчитани неделава