Традиции за Бадник: Што треба да има на трпезата?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Asistent 16-09-2019


Традиции за Бадник: Што треба да има на трпезата?

Бадниковата вечер е еден од најрадосните празници во христијанството, кога се исчекува раѓањето на Исус Христос.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-01.jpg

Тогаш во домот се внесува бадниково гранче, кое симболизира здравје, радост и изобилие.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-02.jpeg

А, што би требало да биде послужено на трпезата? Какви се традициите кои се пренесуваат од колено на колено?

1. На Бадник, појадокот, ручекот и вечерата се строго посни.

2. Се меси погача без квасец.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-03.jpg

3. На масата задолжително има вино, мед и жито.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-04.jpg

4. За вечера се подготвува посен грав, пржена риба, посни сарми, а од салатите, тука е киселата зелка и туршија.

5. Исто така, за десерт може да се послужи свежо или суво овошје: крушки, јаболка, портокали, суви сливи, урми, смокви, суво грозје, како и јаткасти плодови.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-05.jpg

6. Според старите традиции, задолжително се вечера на под, на послана слама, а не на маса, како што сите практикуваме.

7. Домаќинот ја крши погачата, нудејќи им на сите по едно парче и наздравувајќи со црно вино.

8. На крајот, бадниковата вечера не се раскрева. Масата не се чисти, туку се остава наместена како што е до следниот ден, односно до Божиќ.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-06.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 традиции од разни земји во светот што за нас се необични Ракување со плукање на рацете пред тоа е традиција за поздравување во Масаи плем...
Илустрации кои ќе ве научат како да бидете среќни сами со себе Илустрациите во продолжение инстантно ќе ви прираснат за срце и ќе ви ја вратат ...
Нушу - единственото писмо што го знаеле само жените Неговото потекло е непознато и не постојат многу примероци на истото, но се знае...