Грбот, лицето, косата, интимните делови - што миете прво при бањањето открива многу за вашиот карактер

„Твоето тело е твојот храм. Одржувај го чист со цел душата да живее во него“. Човечкото тело претставува симбиоза на нашата енергија, емоциите, карактерот, мислите и сè останато што нè прави она што сме и нè придвижува да го постигнеме она што го сакаме во животот.

Sto-miete-prvo-pri-banjanjeto-01.jpg

Древните култури од минатото поминале многу време размислувајќи и анализирајќи го човечкото тело.

Запишувале што означува секој дел од него, кон што гравитира, заклучувајќи дека секој дел од телото е поврзан со потсвеста и го претставува токму она што ни е најдрагоцено или она што се обидуваме да го скриеме, дури и од самите себе.

Со овој едноставен тест ќе откриете многу работи поврзани со вашата личност и карактер. Сè што треба да одговорите е – кој дел од телото го миете прв за време на бањањето?

Стапала

Помошните енергетски канали или чакрите, се сместени во изобилство во нозете, односно стапалата. Тие се поврзани со тоа што се втемелени во физичкото тело, претставуваат духовен симбол на светлината и го означуваат првиот контакт со непосредната реалност со стапнувањето.

Стапалата се симбол на целосност и понизност. Луѓето кои прво ги мијат стапалата најверојатно се засегнати со доброто на живите суштества, многу се поврзани со природата и нејзината благосостојба.

Тие, исто така, се многу внимателни, приземјени и се чувствуваат добро во сопственото тело.

Sto-miete-prvo-pri-banjanjeto (5).jpg

Екстремитети

Доколку прво ги миете рацете и/или нозете, вашата личност е номадска. Екстремитетите се она на коешто се потпираме кога се движиме низ физичкиот простор.

Тие ја ценат безгрижноста, неограниченоста и секако слободата. Енергијата на телото ја трошат прилично активно со оглед на честата физичка активност, но нивниот ум е исто така многу активен.

Постојано сонуваат за мистични и далечни места и како би сакале да отпатуваат некој ден таму, без никој да знае каде се.

Sto-miete-prvo-pri-banjanjeto (3).jpg

Интимни делови

Генералната претпоставка е дека доколку ги миете прво интимните делови од своето тело, вие сте многу сексуални, но вистината е дека сте прилично резервирани, срамежливи и се самоцензурирате во присуство на други луѓе.

Овие луѓе се многу чувствителни, но и прилично уникатни и се разликуваат од останатите. Потребно ви е многу време да се опуштите и другите да ве запознаат со цел да ѕирнат што криете зад вашата фасада.

Sto-miete-prvo-pri-banjanjeto (1).jpg

Гради

Секогаш се на вистинската патека, бидејќи се чувствуваат пријатно и удобно во својата кожа. Самоуверени и независни, овој тип на луѓе имаат алфа предзнак и многумина ги опишуваат токму така–како алфа-мажи и алфа-жени.

Под пределот на градите се наоѓаат многу витални органи – срцето и белите дробови. Овој тип на луѓе го ценат животот, горди се на она што го изградиле и заштитнички настроени кон сè што е нивно.

Sto-miete-prvo-pri-banjanjeto (10).jpg

Грб

’Рбетот е основата на индивидуалната свест и енергијата. Животот започнува токму тука и се пренесува до нервниот систем со цел да се поддржи секоја ваша мисла и движење.

Во човековата природа е овој дел од телото да се заштитува, бидејќи претставува витална компонента на самиот живот.

Доколку прво го миете грбот, вие сте резервирана, мошне внимателна личност со традиционални сфаќања. Имате длабоки, филозофски размислувања за значењето на нештата и луѓето не ја заслужуваат лесно вашата доверба.

Најчесто сте интровертни и безбедноста ви е ставена на прво место. Преферирате најчесто да бидете сами, отколку во големо друштво.

Sto-miete-prvo-pri-banjanjeto (6).jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава