Зошто е толку тешко да се побара услуга и како да го сторите тоа?

На сите ни е потребна помош понекогаш. Проблемот е што ретко кој знае како да побара услуга, па затоа воопшто и не прашува.

Zoshto e tolku teshko da se pobara usluga 01

Хајди Грант, автор на „Засилувања: Како да ги привлечете луѓето за да ви помогнат“, вели дека најважното нешто што треба да се има на ум е дека секогаш е во ред да побарате услуга. Ние тежнееме да мислиме дека луѓето ќе ги отфрлат нашите барања па затоа не бараме помош толку често колку што ни е потребна.

Истражувањата, од друга страна пак, велат дека луѓето не сметаат за подопадливи тогаш кога бараме услуги од нив. Тогаш, кој е најефективниот начин?

Одберете ја личноста од која ќе побарате услуга

Грант вели дека е најдобро да се побара услуга во четири очи наместо пред поголема група луѓе. Барањето услуга од група води кон феномен на "дифузија на одговорност", каде што никој не чувствува дека треба да помогне, бидејќи мислат дека некој друг ќе го стори тоа.

Изберете некој кој мислите дека може најмногу да ви помогне или прашајте неколкумина, но секој поединечно.

Бидете јасни и конкретни дека ви треба помош

Најчестиот страв кај луѓето кога бараат услуга е да не ги навредат другите со прашањето. За да си олесните, имајте на ум дека фразата „Можеш ли да ми направиш услуга?“ ги става другите пред свршен чин и на некој начин ги присилува да направат услуга и тогаш кога не се во можност.

„Можеш ли да ми помогнеш со...“ е многу поедноставен начин да објасните што ви треба и да не ги ставите останатите во непријатна ситуација. Бидете конкретни во барањето и јасно образложете ги причините за истото.

Поставете временска рамка

Кога барате услуга многу е важно да нагласите кога ви е потребна. Ако сте останале без бензин на сред автопат, сигурно нема да јавите некому и да побарате да ви помогне тогаш кога ќе биде во можност, нели? Во таква ситуација помошта ви е потребна веднаш, и добро е тоа да го знаат и другите.

Можеби мислите дека е љубезно да им дозволите на луѓето да решат кога да ви помогнат, но тоа им прави уште поголем притисок. Нема ништо погрешно да прашате кога би биле достапни, но напоменете го вашиот рок.

Не двоумете се да прашате два пати

Сигурно постојат луѓе во вашето опкружување кои еднаш ве одбиле кога сте им побарале услуга, но само затоа што во минатото ви кажале „не“ не значи дека сега ќе го добиете истиот одговор. Всушност, истражувањата покажуваат дека е поверојатно вториот пат да се согласат бидејќи ќе сакаат да се искупат за тоа што претходно ве одбиле, и на некој начин да го подобрат односот меѓу вас.  

Ако побарате услуга и ве одбијат, тоа говори повеќе за нив отколку за вас. Секако, некои луѓе ќе се исплашат, други можеби имаат и свои, поголеми проблеми, трети пак се загрижени сами за себе.

Да се побара услуга значи отворено да се зборува за своите слабости и да се покаже ранливата страна на личноста. Тоа може да биде исцрпувачки, но никогаш не е срамно.

Затоа, барајте помош и помагајте на другите – не знаете кому ќе му го спасите животот.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg