Ракување, ракопис и уште 4 работи врз основа на кои луѓето ве проценуваат

Без разлика дали станува збор за љубовен состанок или за интервју за работа, другите луѓе можат да нè проценат според неколку „мали“ работи што ги правиме несвесно или свесно.

rakuvanje-rakopis-i-drugi-raboti-vrz-osnova-na-koi-lugeto-ne-procenuvaat-01.jpg

Неколку ситници според кои луѓето можат да ве проценат и што откриваат тие за вас?

Ракување

Стисокот на раката обично го открива карактерот на личноста. Доколку истиот е силен, се работи за силен и сигурен карактер, доколку е слаб, најчесто станува збор за недоверба, незаинтересираност или ниска самодоверба.

Според некои истражувања луѓето кои имаат силен стисок најчесто се ектровертни и полесно ги изразуваат своите чувства.

rakuvanje-rakopis-i-drugi-raboti-vrz-osnova-na-koi-lugeto-ne-procenuvaat-002.jpg

Дали се појавувате на време или доцните

Личности кои се проактивни секогаш ќе се појавуваат на време, бидејќи се мотивирани, организирани и го ценат туѓото време.

Ракопис

Без разлика дали пишувате кратки пораки, посвета, листа на задачи или пополнувате формулари, вашиот ракопис кажува многу за вас.

Според истражувањата, луѓето кои силно ја притискаат хартијата додека пишуваат, најчесто се строги во ставовите и имаат голема самодоверба.

Големите букви покажуваат дека сте ориентирани кон луѓето, додека малите букви се карактеристични за интровертните луѓе.

Rakuvanje rakopis i drugi raboti vrz osnova na koi lugeto ne procenuvaat 03

Колку често го проверувате вашиот мобилен телефон

Некои истражувања покажуваат дека емоционално нестабилните луѓе, како и оние кои сакаат да го подобрат своето расположение или да ја зајакнат нивната самодоверба, почесто го проверуваат мобилниот телефон, фејсбукот или пораките.

Дали повеќе сакате мачки или кучиња

Многумина веруваат дека луѓето кои не ги сакаат мачките имаат проблем со контрола. Исто така велат дека девојките кои имаат големи кучиња не се заинтересирани за долги врски, што е голема предрасуда.

Науката вели дека луѓето кои ги сакаат кучињата се поенергични и поекспресивни, додека луѓето кои ги преферираат мачките се повеќе интровертни и почувствителни.

Rakuvanje rakopis i drugi raboti vrz osnova na koi lugeto ne procenuvaat 04

Контакт со очи 

И, се разбира, ова е можеби најважниот аспект во проценката на карактерот - колку често и колку долго воспоставувате контакт со очите.

Луѓето кои не го избегнуваат погледот најчесто немаат што да кријат, имаат самодоверба и се чувствуваат добро во разговорот со другата личност.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава