5 работи на кои трошите најмногу пари и како да престанете

Финансиската стабилност подразбира дисциплина. Тоа значи дека мора да ги разгледаме нашите навики за трошење било големи или мали, и да се ослободиме од некои непотребни нешта за да бидеме сигурни дека нашите финансиски цели се достижни.

5-raboti-na-koi-troshite-najmnogu-pari-i-kako-da-prestanete-001.jpg

Има неколку работи на кои сите ние трошиме премногу, но неколку безболни промени можат да придонесат за големи заштеди.

Кафе

Кафето е на врвот на листата, бидејќи постојат многу алтернативи и лесно може да се промени оваа навика. Не треба да сте математички генијалец за да пресметате колку пари на годишно ниво трошите на кафе, земајќи предвид дека ви треба едно утринско за да се расоните, едно пладневно за да ја набилдате концентрацијата, едно после ручек, и едно при крај на денот.

Со прилично минимална инвестиција кафето нарачано во кафуле може да го направите дома, а борбата со дремката може да ја добиете со едноставна прошетка од петнаесетина минути.

Членарини

Членството во теретана може да биде солидна инвестиција ако навистина ја користите редовно и сте одбрале програма за вежбање со која се држите. Постојат неколку начини на кои можете да заштедите, и ова може да биде различно за секого, но доволно е да ја поделите вашата месечна членарина со бројот на посети на салата за вежбање за да сфатите колку ве чини еден тренинг.

Ако е прескапо, можеби е време да почнете да размислувате да почнете да вежбате дома или на отворено.

Задоцнети сметки

Овие два збора сами по себе звучат многу погрешно, а негативните аспекти сигурно ви се добро познати. Ако имате навика да доцните со плаќање на сметките и тоа е исклучиво од причина затоа што сте лошо организирани (а не поради тоа што сте шворц), многу е едноставно.

Денешната технологија дозволува сметките да се плаќаат на Интернет, па искористете ја оваа привилегија наместо да плаќате казни и камати од и онака кусата заштеда.

Брендирани производи за домаќинство

Многупати трошиме премногу на брендирани средства за чистење, а реално постојат исто толку квалитетни алтернативи кои не се скапи како звучните имиња. Купувајте на акции, на големо, на попусти, на рефус… Тестирајте ги сите достапни опции за да го залечите домашниот буџет.

Трендовска облека

Нормално е да сакате вашиот гардеробер да е освежен и актуелен секоја сеѕона. Но ова е голема замка и трошиме пари на парчиња облека што нема да изгледаат така добро веќе следната година.

Купувајте безвременска и квалитетна гардероба, класични парчиња во бои кои не ве ограничуваат. И онака поедноставното е попримамливо за окото.

А. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...

Најчитани неделава