Распутин, Курт Кобејн, Елвис - постои ли можност дека овие познати личности ја „лажирале“ својата смрт?

За разлика од мачките, луѓето умираат само еднаш. Барем така велат. Но, во светот на шоу бизнисот реалноста не функционира на ист начин.

Rasputin Kurt Kobejn Elvis postoi li moznost deka ovie poznati licnosti ja lazirale svojata smrt 01

Кога големите ѕвезди ќе го напуштат нашиот свет, понекогаш кај јавноста се јавува сомнеж. Дали се работи за обесмртување на „модерните богови“ или мистификација од страна на фановите или пак некои познати личности навистина успеале да ја лажираат сопствената смрт?

Ова се неколку познати личности од историјата кои можеби ја лажирале својата смрт:

Абрахам Линколн

Абрахам Линколн е застрелан во задниот дел на главата, но постои шанса дека сепак го преживеал атентатот.

За почеток, сите лекари кои го прегледале телото имале контрадикторни објаснувања за начинот на кој куршумот влезе во главата. Покрај тоа, тој наводно го сонувал сопствениот атентат, па можеби се спремил за ваквото сценарио.

И за крај, во ноќта на смртта Абрахам му кажал на својот телохранител: „Збогум“. Ова било чудно, бидејќи претседателот го поздравувал со „Добра ноќ“ секоја вечер.

Зошто Линколн би ја фалсификувал сопствената смрт? Реално, многу луѓе сакале да го убијат. Неговиот „атентат“ се случи само пет дена по завршувањето на Граѓанската војна. Лажирање на сопствена смрт има смисла за некој кого половина од земјата го мрази.

Елвис Присли

Кралот е мртов, да живее кралот! Елвис е првата позната личност со која започна теоријата дека познатите луѓе никогаш не умираат.

Постојат многу причини кои ги поддржуваат овие теории. Една е дека тој бил виден насекаде, што можеби била само желбата на очајните луѓе. Потоа, никој од медиумите не ги знае деталите од неговата аутопсија, а вредноста на Присли стана поголема откако тој умре.

Rasputin Kurt Kobejn Elvis postoi li moznost deka ovie poznati licnosti ja lazirale svojata smrt 02

Курт Кобејн

Сите сме слушнале многу верзии на приказната за смртта на Курт, но секоја имала различен крај. Курт Кобејн, уморен од славата, турнеите и таквиот начин на живот, пишува писмо во кое кажува дека го напушта бендот и заминува, оддалечувајќи се од јавниот живот. Но потоа, Кортни Лав влегува во собата и тука приказната добива различни верзии за смртта на Кобејн.

Во повеќето верзии, Лав го присилува Курт да го напише писмото, потоа го убива. Звучи како сцена од психолошки трилер. Но повеќето луѓе кои ја познавале Лав тврдат дека таа никогаш не би го повредила Кобејн, и дека тие навистина се сакале.

Значи, кој е вториот одговор? Дали постои можност тие двајцата заедно да работеле за да ја лажираат неговата смрт?

Адолф Хитлер

Хитлер не се самоубил? Како што раскажува приказната, Адолф Хитлер и Ева Браун всушност не умреле во бункерот. Наместо тоа, убиени се други луѓе, додека Адолф и Ева избегале во Аргентина или на некое друго место.

Се разбира, ова е смешна идеја, нели? Па, не според поранешниот агент на ЦИА кој верува дека Хитлер ја лажирал својата смрт. Тој избегал од правдата и живеел долг и плоден живот, при што никој не знаел дека еден од најомразените луѓе на планетата е жив.

Џеси Џејмс

Приказна за славниот одметник Џеси Џејмс вели дека тој бил застрелан во грб од страна на Роберт Форд. Постојат многу луѓе кои веруваат дека инцидентот е само уште еден обид на Џејмс да ја избегне правдата.

Некои луѓе дури тврдат дека го нашле и „вистинскиот“ Џејмс. Всушност, ова го тврди антропологот од Државниот универзитет Вичита, кој смета дека Еремија Џејмс, земјоделец од Канзас, кој починал во 1935 година, бил Џеси Џејмс цело време.

Rasputin Kurt Kobejn Elvis postoi li moznost deka ovie poznati licnosti ja lazirale svojata smrt 03

Распутин

Оваа теорија можеби има најмногу шанси да биде вистинита, бидејќи Распутин апсолутно ништо не можело да го убие.

не знаевте, луѓето го мразеа лудиот рус до тој степен што се обидуваа да го убијат многу пати. За неговите „магични“ моќи најмногу говори приказната за ноќта кога е „убиен“.

Прво му бил ставен цијанид во храната, што се чини не делувало, потоа Распутин е застрелан неколку пати, но ни тоа не го убило. Откако избега, повторно бил застрелан и претепан. И…тој сè уште бил жив. Потоа неговите „убијци“ го врзале и го фрлиле во река.

Неговото тело е пронајдено неколку дена подоцна, но некои луѓе веруваат дека се работи за двојник. Дали навистина треба да веруваме дека еден човек кој не реагира на цијанид или рана од огнено оружје може да се удави во студена река?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Смрт на сакана личност и уште 11 траорни искуства (кои луѓето може да ги разберат само ако минале ни... Болката да се биде во врска со некој кој те злоупотребува психички и физички и к...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg