Знаете ли што е синдром на Котард, делириум поради кој луѓето мислат дека се мртви?

Смртта е нешто од што многумина луѓе се плашат, но не се плашат сите на ист начин. Некои луѓе се плашат од исчезнување, стравувајќи дека повеќе нема да бидат во овој свет. Другите се плашат од заборавање, бидејќи вистинскиот крај настапува кога луѓето ќе престанат да постојат во свеста на другите. За смртноста на човекот постојат многу приказни, митови и верувања, но во овој текст нема да зборуваме за овие аспекти. Во медицината постои нешто што се нарекува синдром на Котард, а луѓето кои страдаат од овој синдром мислат дека се веќе мртви.

Znaete li sto e sindrom na Kotard delirium poradi koj lugeto mislat deka se mrtvi 01

Синдром на Котард (Cotard syndrome) беше именуван по францускиот невролог Котард, кој во 1882 година пишува за пациенти кои, покрај изгубениот имот и социјалниот статус, сметале дека изгубиле и внатрешни органи (срце, црева, крв, мозок).

Основата на овој синдром може да се види во силно изразената нихилистичка тенденција, според која лицето е убедено дека некој или нешто повеќе не постои. Денес овој синдром се нарекува и „walking dead syndrome“ или „walking corpse syndrome“, бидејќи луѓето кои страдаат од овој синдром веруваат дека се мртви, дека членовите од нивното семејство се мртви или дека светот е уништен.

Во некои случаи веруваат и дека одредени делови од нивното тело или органи не постојат.

Овој синдром е опишан како нарушување кое најчесто се јавува во контекст на тешка депресивна состојба или тешка психотична депресија. Поретко, но сепак со значителен процент, се појавува како составен дел на шизофренија.

Znaete li sto e sindrom na Kotard delirium poradi koj lugeto mislat deka se mrtvi 02

Синдромот на Котард е невообичаен и редок психијатриски синдром, бидејќи се јавува во состојба на губење на контакт со реалноста.

Луѓето кои страдаат од оваа болест, освен што мислат дека не постојат, чувствуваат и дека нивното тело се распаѓа и дека нивните внатрешни органи престануваат да ги вршат своите функции. Оваа болест не предизвикува само нереално убедување дека личноста е мртва, туку предизвикува и такво однесување.

На пример, луѓето кои страдаат од овој синдром престануваат да јадат или престануваат да се движат.

Причините за овој синдром се поврзани со две области во мозокот: фусиформен гирус и амигдала. Фусиформен гирус е регион во мозокот кој е одговорен за препознавање на бои, зборови, но исто така и лица и луѓе. Амигдалата, од друга страна, е одговорна за обработка на емоциите.

Комбинирање на проблемите во овие два региона резултира со неможност да се препознаат познати лица. Последица на ова основно непознавање е губење на врската со реалноста. Со оглед на сериозноста на симптомите, психијатриски лекови се неизбежен дел од третманот.

Znaete li sto e sindrom na Kotard delirium poradi koj lugeto mislat deka se mrtvi 03

Синдромот на Котард е почест кај жените, отколку кај мажите. Често се поврзува со силна вина и вознемиреност поради сиромаштија.

Постојат случаи каде што луѓето, кои страдале од овој синдром, се пријавувале доброволно во полиција да признат кривично дело кое не го извршиле, со патолошка надеж дека ќе бидат казнети, со што ќе ја намалат вината.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...

Најчитани неделава