Четири митови за универзумот за кои мислиме дека се точни

Американските филмови, како што се „Гравитација“, „Интерстелар“ или „Војната на ѕвездите“, ја поттикнаа јавноста да дебатира колку навистина знаеме за тајните на универзумот, дали приказот на универзумот е достоен и каде се „грешките“.

Cetiri mitovi za univerzumot za koi mislime deka se tocni 01

Можат ли овие филмови и приказни да се земат здраво за готово или е сепак потребно да се држиме до одредени параметри. Треба ли секој уметник да се консултира со научник, пред да почне да ја пишува својата приказна за вселената или ни е сепак дозволена креативна слобода, бидејќи, сепак се работи за фикција.

Ова се четири митови за универзумот за кои повеќето луѓе мислат дека се точни:

Мит 1: Не постои гравитација во вселената

Скоро сите имаме видено астронаути кои „лебдат“ во вселената. Првиот и релативно логичниот заклучок е дека горе нема гравитација. Гравитација е важна за растот на корените, но научниците дознале дека нивните растенија без проблем растеле во вселената, без оглед на гравитацијата.

Овие истраживања се направени во ботанички вселенски станици. Всушност, да не постоеше гравитација во вселената, немаше да биде можно астронаутите да се движат воопшто.

Астронаутите во вселената и ракетата сè уште го чувствуваат повлекувањето на гравитацијата на планетата. Без разлика каде се, имаат гравитациски однос со објектите, било да се работи за далечни планети или ѕвезди.

Астронаутите изгледаат (и се чувствуваат) како да лебдат, бидејќи состојбата ја споредуваат со онаа во која би стоеле на земјата. Доколку некогаш сте биле во лифт кој се движел многу брзо, би го имале сличното чувство.

Cetiri mitovi za univerzumot za koi mislime deka se tocni 02

Мит 2: Црните дупки „цицаат“

Медиумите често црните дупки ги опишуваат како голем космички вакуум. Црните дупки се, всушност, куп маси споени заедно во минијатурен волумен, создавајќи огромно гравитациско поле. Каде што полето е најсилно дури ни светлината не може да избега.

Црните дупки се тешки и комплицирани за истражување, бидејќи поголемиот дел од разбирањето на нашиот универзум зависи од мерењата на светлината. Она што го знаеме е дека огромните маси на црни дупки го искривуваат просторот-времето на екстремни начини.

Доколку би се доближиле до црната дупка би почувствувале силна гравитациска сила. Гравитациското повлекување зависи од масата и растојанието. Во оваа смисла, црните дупки се повеќе слични на апсорбенти отколку на вакууми. Само немојте да бидете премногу блиску до нив.

Cetiri mitovi za univerzumot za koi mislime deka se tocni 03

Мит 3: Сонцето е жолто

За да ја разбереме и визуализираме вистинската боја на Сонцето, треба да знаеме нешто за светлината како таква. Видливата светлина која ја гледаме е само мал дел од енергијата на светлината во универзумот.

Додека сончевите зраци патуваат кон нашите очи поминуваат низ атмосферата која има „филтери“. Поради висока енергија, плавата светлина се губи, а ние ја гледаме само жолтата. Во вселената Сонцето би изгледало бело.

Cetiri mitovi za univerzumot za koi mislime deka se tocni 04

Мит 4: Тешко е да летаме низ полето на астероидите

За да го поминеме Марс мораме да поминеме низ полето на астероидите, регионот во универзумот полн со огромни камења. Ова звучи опасно, особено ако се сетиме колку Хан Соло се мачеше во Војната на ѕвездите да го помине.

Во реалноста приказната е сосема поразлична. НАСА има испратено многу летала за проучување на нашиот сончев систем. Навигацијата во полето на астероидите не е проблематична, бидејќи камењата се многу оддалечени едни од други, дури стотици километри.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg