Супермоќи кои всушност не би сакале да ги поседувате – кои се причините?

Холивуд повеќе не може да издржи ниту една година без да сними филм за некој суперхерој. Дури и да не сте љубители на овој жанр на филмови, веројатно многупати сте се нашле во друштво во кое се расправало за одреден лик или за неговата моќ. 

Supermoki-koi-vsusnost-ne-bi-sakale-da-gi-poseduvate-01.jpg

Сосема е нормално да се претпостави дека повеќето луѓе имаат фантазирано за тоа која супермоќ би им овозможила подобар и полесен живот.

Доцните на работа? Имате моќ на супер брзина. Треба да подигате тешки работи? Вклучете ја натчовечката сила.

За жал, како и сè во животот, повеќето од овие супер сили доаѓаат со листа на ограничувања и недостатоци. Со голема моќ доаѓа голема одговорност, но, исто така, се чини дека доаѓаат и големи непријатности.

Ова се неколку супермоќи, кои всушност, не би сакале да ги поседувате:

Невидливост

Ако некој ви каже дека омилената моќ му е невидливост, постои можност дека е малку чуден или перверзен. Без разлика дали би ги користеле вашите моќи на невидливоста за добро или лошо, сосема е неважно, бидејќи не би можеле да видите ништо, како што ни вас никој не би можел да ве види.

Доколку претпоставиме дека очите ни се невидливи како и остатокот од телото, светлината би поминувала директно низ нас, оставајќи нè во темница.

Супер брзина

Флеш наводно може да трча побрзо од брзината на светлината. Ова би било неверојатно корисна супер-сила за долги патувања. Тогаш во што е проблемот?

Според релативноста, брзината на објектот (или суперхеројот) ќе влијае на времето. Едноставно кажано, ова значи дека, кога ќе запрете, сите луѓе околу вас ќе бидат малку постари.

Крајниот ефект на ова, во зависност од тоа колку често би ја користитете вашата моќ, е дека сите ваши пријатели ќе стареат и ќе умрат побрзо од вас.

Supermoki koi vsusnost ne bi sakale da gi poseduvate 02

Телепортација

Кога супер брзината не е исплатлива, веројатно телепортацијата би можела да го реши проблемот со долгите патувања? Можеби, но постои опасност вашиот телепортер да се расипе, при што вие би се распаднале во атоми, без повторно да се составите.

Контрола на времето

Зар не би било прекрасно наместо да го паузирате алармот, да го паузирате времето?

Значи, конечно се кревате од креветот, правите кафе и можеби сакате да одиграте некоја игра на вашиот компјутер пред да почнете да работите. Го пуштате компјутерот, но сфаќате дека не се вклучува, бидејќи нема струја во замрзнатото време.

Сакате да испиете чаша вода, но ниту водата не тече од чешмата. Вашиот телефон, вашиот автомобил и вашите светла нема да работат. Вие во основа ќе се вратите назад во средниот век, но без друштво за разговор.

Можеби сепак ќе треба да го побараме Тардисот.

Супер сила

Претпоставете дека сакате да го прегрнете вашиот партнер, но поради големата сила постои и голема можност дека ќе го сплескате. Добро, да речеме дека благородно се воздржувате од земните задоволства и ја користите вашата моќ за добро, сè уште, за жал, ќе бидете под милоста на законите на физиката.

Ох, не, некои деца се заглавени под огромна карпа. Ја кревате карпата над глава и ја фрлате со сета ваша сила далеку кон небото. Оттука веднаш ќе бидете вовлечени во земјата, бидејќи целосната тежина е фокусирана на вашите стапала.

Supermoki koi vsusnost ne bi sakale da gi poseduvate 03

Летање

Повеќето од нас фантазираат како летаат низ небото со птиците, но во реалноста, ова веројатно би било многу непријатно искуство.

Атмосферата на небото не многу удобна за луѓето. Доколку би летале би ни требал снабдувач со воздух, за да не се уриваме на земјата. Исто така, внимавајте на птиците и другите летачи, бидејќи не сакате да се судрите.

Постои уште еден проблем. Се пресметува дека еден 8-часовен лет троши 207 милијарди џули енергија. Просечната дневна потрошувачка е 2000, значи треба да додадете само 8.368.000 џули.

Ќе треба да јадете многу калории, колку што би јаделе цел живот, за да го преживеете овој 8-часовен лет.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg