Зошто сме помалку љубезни во урбаните средини?

Сирени на автомобили, врескање, навреди, гестови, бесни изрази на лицето…Ви звучи познато? Ова е сценарио на секој голем град во кој улиците се преполни со луѓе кои постојано некаде брзаат. Колку повеќе луѓе има околу нас, толку повеќе се трудиме да ги избегнеме. Но зошто избегнуваме туѓи погледи и поздрави, зошто не сакаме да им помогнеме на странците на улицата? Зошто сме помалку љубезни во урбаните средини? Науката вели дека одговорот на ова прашање можеме да го пронајдеме во нашите мозоци.

Zosto sme pomalku ljubezni vo urbanite sredini 01

Кога излегуваме на улица нашиот мозок станува повеќе свесен за заканите што нè опкружуваат. Постојано сме претпазливи за можните закани што нè опкружуваат. Се работи за нашиот механизам за одбрана кој ни овозможува да го „преживееме“патот кон дестинацијата.

Ако градскиот живот нè прави да изгледаме нељубезно, животот во руралните средини може да изгледа сосема поинакво. Во мала средина луѓето се познаваат и не постои големо чувство на опасност.

Регионите во мозокот, кои се одговорни за предупредување од опасност, се помалку активни. Таа поврзаност со сè што нè опкружува се губи во градовите и околините преплавени со луѓе.

Zosto sme pomalku ljubezni vo urbanite sredini 02

Но и во малите места можете да се чувствувате обесхрабрено, особено кога луѓето не ве познаваат. Прагот на толеранција не е толку висок во градовите, бидејќи луѓето немаат навика да стапат во контакт со другите, а истото се случува и во селата.

Дополнителна причина зошто се однесуваме поагресивно во градовите е што се обидуваме да ги имитираме другите. Кога сме во големиот град, опкружени со толпа луѓе, ги имитираме другите во потрага по соодветна форма на однесување.

Она што обично го гледаме околу нас е одбранбениот став на поединците кои избегнуваат контакт со очи, затоа возвраќаме на ист начин.

Zosto sme pomalku ljubezni vo urbanite sredini 03

Влеговме во еден маѓепсан круг на однесување, на непријателски обрасци, каде што луѓето не се приметуваат и не се поздравуваат. Таквото однесување е сè повеќе присутно во големите градови.

Според пресметките на Обединетите нации, до 2050 година, 70% од населението ќе ги насели градовите. Дали ова значи дека и љубезноста ќе ни стане привилегија?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...

Најчитани неделава