Делфините спијат со едно отворено око: 20 зачудувачки факти за светот околу нас

11. Кафето не ви дава енергија

Една од причините зошто чувствувате замор се молекулите на аденозин, коишто ги регистрираат специјални рецептори откако ќе бидат испукани од невроните. Како што поминува денот во телото се насобира аденозин и станувате многу уморни. 

Кога пиете кафе, кофеинот се закачува за тие специјални рецептори и оневозможува за нив да се закачи аденозинот. Со вака затнатите рецептори, другите неуротрансмитери, како допаминот, добиваат шанса да им се покачи нивото и вие добивате енергија.

Сепак, кога кофеинот ќе изветрее, тогаш целиот аденозин повторно ќе се закачи за рецепторите и ќе се чувствувате исцрпено.

delfinite-spijat-so-edno-otvoreno-oko-20-zacuduvacki-fakti-za-svetot-okolu-nas-006.jpg

12. Мачките мјаукаат на луѓе, но не и на други мачки

Мјаукањето не е природниот јазик на мачките. Тие го користат само за комуникација со луѓето. Само малите мачиња мјаукаат кон мајката мачка за да добијат внимание. За да комуницираат помеѓу себе, мачките го користат мирисот, говорот на телото, фацијалните експресии и допирот.

View this post on Instagram

A post shared by cats pleasure 😽 (@cats.pleasure)

13. Сините очи не се всушност сини

Сините очи немаат пигмент во горниот слој на ирисот, туку само кафеав пигмент на задниот слој. Измеѓу има уште еден слој наречен строма. Тој нема пигмент, но има мали честички во него. Тие честички се распрснуваат и ја апсорбираат сината светлина, па така очите изгледаат како да се сини.

https://www.instagram.com/p/Bwle6fLg59p/?utm_source=ig_embed

14. Белите покриви можат да го намалат глобалното затоплување

Доколку ги обоиме покривите бели, можеме да го намалиме глобалното затоплување. Зградите со бели покриви подолго остануваат студени бидејќи ја одбиваат светлината, а со тоа имаат помалку потреба од климатизери, помалку топлина се апсорбира во воздухот во градот и помалку енергија се заробува во облаците, што го намалува ефектот на стаклена градина.

https://www.instagram.com/p/BpyVekMF7tA/?utm_source=ig_embed

15. Во Туркменистан има место со вечен пламен

Во 1971 година Советски научници почнале да дупчат за природен гас во Каракум, а како резултат на тоа платформата се срушила и гасот почнал да истекува. За да не се рашири гасот и да го заштитат локалното население, научниците решиле да го запалат, мислејќи дека ќе изгори за неколку дена. Сепак, оганот сè уште гори, а локалците го викаат „Вратата на Пеколот“.

https://www.instagram.com/p/BkRdMJIF_uR/?utm_source=ig_embed

16. Вдлабнатината над горната усна се вика филтрум

За луѓето оваа вдлабнатина нема никаква улога, но на цицачите им служи за да можат полесно да нанесат влага со устата на носот, за да може носот постојано да биде влажен.

20-zacuduvacki-fakti-za-svetot-okolu-nas (1).jpg

17. Ова е слика како би изгледал Јупитер доколку би бил блиску до земјата како што е Месечината.

Дијаметарот на Јупитер е околу 40 пати поголем од оној на нашата Месечина.

20-zacuduvacki-fakti-za-svetot-okolu-nas (2).jpg

18. Фламингата се розови поради тоа што го јадат

Фламингата се раѓаат со сиви перја. Тие постепено стануваат розови, благодарение на посебен пигмент што го добиваат јадејќи ракчиња, ларви и сино-зелени алги.

19. Нашите ноздри дишат на смени

Кога дишеме нашите ноздри наизменично се менуваат која од нив е доминантна. При тоа едната има зголемен проток на крв, а другата потекува. Ова е исто така причина зошто кога сме настинати само едната ноздра се затнува.

20. Животните ги избегнуваат далноводите заради ултравиолетовата светлина

Животните се плашат од ултравиолетовите светла, коишто се невидливи за човековото око и затоа ги избегнуваат далноводите.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg