Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат

Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгора“ - ова е само една од шесте вистини кои луѓето не сакаат да ги слушнат. А треба...

vistini-shto-lugjeto-ne-sakaat-a-moraat-da-gi-slushnat-01.jpg

Понекогаш е тешко да се слушне и да се прифати вистината. Така го губиме чувството на илузија дека работите се под контрола, или дека се одвиваат како што сакаме.

Но, во реалноста работите не се секогаш розови и затоа ви треба некој што ќе ви ги каже работите в лице, иако не сакате да ги слушнете (или знаете).

Ова се неколку вистини коишто луѓето не сакаат, а сепак мораат да ги слушнат:

Луѓето ќе ве третираат подобро ако се грижите за вашиот физички изглед.

Делува површно, но, да, физичкиот изглед и впечатокот што го оставате е важен.

Ако се однесувате како да не ви е гајле што мислат другите за вас, тогаш ќе почнете навистина да се запуштате и да ја покажувате најлошата верзија од себе во јавноста.

Запомнете, не се грижите за себе за да оставите впечаток кај другите, туку се грижите за себе и својот изглед поради себе.

Луѓето ќе инвестираат во вас дури откако ќе станете успешни.

Во светот постојат милиони талентирани млади луѓе, па оние коишто поседуваат пари се пребирливи за тоа каде ќе ги вложат своите пари.

Не се молете да се случи чудо за да успеете, туку работете напорно и фокусирано за да стигнете до целта.

Луѓето ќе почнат да ви веруваат повеќе дури откако ќе станете поодговорни за себе, но и за своите пари.

Многу луѓе бараат пари наместо да бараат вработување и начин за да заработат.

Не глумете жртва - тоа може да ви „помине“ еднаш, но нема да можете цел живот да се „вадите“ на исти финти и стари приказни.

Покажете иницијатива, создадете круг на талентирани и вредни луѓе со кои ќе работите и со кои ќе се мотивирате едни со други.

vistini-shto-lugjeto-ne-sakaat-a-moraat-da-gi-slushnat-02.jpg

Луѓето ќе почнат да ве почитуваат кога ќе престанете да барате нивна почит.

Наместо тоа, почнете да се фокусирате на својот живот, кариера, успех, лично и семејно задоволство.

Престанете да правите работи со кои се надевате дека ќе ги импресионирате другите - правете работи поради кои ќе бидете благодарни самите на себе во иднина.

Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгора“.

Среќните луѓе сакаат да се дружат со други среќни луѓе.

Ако изгледате депресивно, луто, несреќно, со сомнеж или тага во погледот, никогаш нема да привлечете позитивни луѓе.

Затоа, не излегувајте без насмевка на лицето, а ако имате проблеми кои ве прават нерасположени, пробајте да ги решите, сами или со помош на блиските.

Не се вложувајте во безнадежни нешта - врски, пријателства, деловни проекти.

Жртвувајте се само за работи кои се важни, кои ќе ви донесат успех, напредок, награда во животот...

Извор

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg