Зошто треба да живееме без очекувања?

Очекувањата, од себе или од другите, можат да бидат голем товар во животот. Повеќето луѓе, ако немаат никакви очекувања, се чувствуваат изгубено, некомпетентно, немаат разбирање и тешко простуваат. Очекувањата се една од главните причини за неуспехот и разочарувањето во животот.

Zosto treba da ziveeme bez ocekuvanja 01

Што се очекувања?

Очекувања се идеи за тоа како треба да се случуваат работите во нашите животи или во животот на другите. Очекувањата, исто така, можат да се гледаат како утврдени правила што треба да се следат, индивидуално или во одредена група.

Дали животот навистина ги следи нашите очекувања и дали навистина имаме контрола над тоа?

Очекувањата доаѓаат од сите страни - од родителите, партнерите, соработниците, пријателите, општеството итн. Сите нудиме идеи како нашиот живот треба да изгледа, како треба да изгледа нашата иднина и животот на другите луѓе.

За жал, многу често нашите очекувања и очекувањата на другите не се во корелација, бидејќи се многу индивидуални, а ние цврсто се држиме до нив. Потоа обично се создава конфликт.

Очекувањата не се нужни во нашите животи. Можеме да живееме без нив и да направиме многу работи во животот, но малкумина го прават тоа. Ако сме отворени за сите можности ќе имаме помалку разочарувања и ќе можеме да прифатиме многу повеќе.

Контрола е илузија. Нештата не можат секогаш да се вклопат со нашите очекувања. Кога имаме очекувања нашето внимание се ограничува, за на крајот да се разочараме кога ќе доживееме неуспех.

Zosto treba da ziveeme bez ocekuvanja 03

Кога сме отворени, животот станува поедноставен, бидејќи не постојат правила и четири ѕидови во кои треба да ги притискаме.

Ова не значи дека немаме цели во животот или дека нема да планираме воопшто. Кога имаме претходно дефинирани очекувања за исходот се ограничуваме.

Очекувањата се ограничувања на патот кон среќата, бидејќи не можат секогаш да се исполнат. Откако ќе се ослободиме од овој начин на размислување нашата иднина ќе биде каква што треба да биде.

Кога не сме оптоварени со однапред поставени правила и ограничувања, тогаш животот оди во вистинска насока. Тогаш очекувањата на другите нема да имаат влијание врз нас, бидејќи тоа нема да ни биде важно.

Zosto treba da ziveeme bez ocekuvanja 02

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава